четврток, 20 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Владата донесе одлука со која граѓаните бесплатно ќе можат да ги заменат важечките возачки и сообраќајните дозволи

вторник, 13 февруари, 2024 | 16:57
in Вести, ВЕСТИ од Македонија
Владата донесе одлука со која граѓаните бесплатно ќе можат да ги заменат важечките возачки и сообраќајните дозволи

На заедничка прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Битиќи и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Бојманцалиев ја соопштија одлуката од денешната владина седница со која се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија.

„На владината седница донесовме неколку важни одлуки за граѓаните, кои како решенија ги донесе работната група која последниве две недели работеше, во која учествуваа неколку ресорни министри како МВР, МНР, МФ, а која ја предводев јас како заменик претседател на Владата. Денешните одлуки се предлог токму на оваа работна со кои го задолживме МВР да ги преземе сите правни акти со што ќе се овозможи возачките и сообраќајните дозволи за сите граѓаните на Република Северна Македонија да бидат промени без надомест“, рече на прес-конференцијата вицепремиерот Битиќи.

Дополнувајќи дека работната група даде предлог кој беше усвоен на денешната владина седница со кој се задолжува министерството за надворешни работи да обезбеди бесплатни патни листови за сите граѓани кои живеат надвор од нашата земја, а кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

„Дополнително МНР исто така се задолжи да преземе активности соодветно издавањето патните лисотви каде што нема ДКП-а да биде направено онлајн и да бидат испратени по пошта“, изјави Битиќи.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Бојманцалиев на прес-конференцијата кажа дека службите во МВР ги изготвуваат сите интерни акти за да може да се спроведе одлуката, а кои ќе бидат потпишани и од страна на дополнителник заменик министер, Бојманцалиев и министерот за внатрешни работи, Ташковски.

„Во оваа прилика би сакал да се заблагодарам на сите колеги кои работат во управните служби изминатиот период кои работат и во смени и за викенди и празници кои дадоа свој личен допринос за промена на патните исправи и на личните документи и на сите останати документи кои граѓаните требаше во изминатиот период да ги променат од Република Македонија, со новото име Република Северна Македонија и би сакал да ги информирам сите дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина на последната исплатена плата кои ги имале во МВР и исто така и тој акт е потпишан и од мене и од министерот“, изјави дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Бојманцалиев.

ShareTweetShare
Previous Post

Утре прекин на електричната енергија во општината Василево

Next Post

Учениците од IQ UP! од Струмица блескаа на Интернационалната СТЕМ Олимпијада – продолжуваат во финале

Related Posts

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Вести

Јован Коцев избран за нов директор на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 21:53
Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион
Босилово

Градоначалникот Јанков избран за претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион

среда, 19 ноември, 2025 | 17:27
Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Босилово

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание

среда, 19 ноември, 2025 | 17:00
Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица
Вести

Градоначалникот Јанков и претставникот на УНДП Грегоријан со заедничка поддршка за нови развојни проекти во Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 14:16
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
Вести

Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица

среда, 19 ноември, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичани краделе предмети од радовишкиот рудник Бучим и ги продавале на нелегален отпад

среда, 19 ноември, 2025 | 12:26

ТОП ВЕСТИ

Од струмичкиот регион уште еден пратеник во македонското Собрание
Советникот Владимир Ристов именуван за заменик на градоначалникот на општина Струмица
ФОТО: Пожарникари од Струмица и Гевгелија извлекоа повредени лица од превртено товарно возило

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist