петок, 9 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Викарниот Епископ Јаков со отворено писмо до Министерството за труд и социјална политика и министерката Тренчевска, а по нивната реакција на трибината во Струмица

среда, 22 март, 2023 | 15:44
in Вести, Струмица
Владиката Јаков и писателот Венко Андоновски ги повикаа пратениците на претпазливост со носењето на Законот за родова еднаквост

Викарниот Епископ г. Јаков од Струмичката Православна Епархија со отворено писмо до министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска по нивната реакција за одржаната трибина на Фондацијата „Елеуса“ во петокот во Центарот за култура во Струмица.

„Почитувана министерке Тренчевска,

Ви се обраќам со Почитувана не поради Вашата титула што ја носите како висок државен функционер, затоа што титулите не се мерило за тоа кој колку заслужува почит, туку поради тоа што одредени настани и лица имаат значење и за двајцата, и истите непосредно нè поврзуваат. Ја прочитав горепосочената објава и иако е јасно дека е излезена од „перото“ на малициозен родов активист, сепак, со оглед на тоа што истата се наоѓа на сајтот на Министерството за труд и социјална политика и претставува еден вид порака до мене, решив да Ви се обратам лично Вам како одговорна за именуваното Министерство.

Самата објава ја потврдува мојата поента од трибината дека институциите станаа заложници на родовите идеолози. Патот на тие идеолози беше истрасиран од Вашата претходничка, Мила Царовска, која успеа да издејствува да навлезат во сите пори на државата, и како резултат сега имаме креирање на законски решенија исклучиво од страна на активисти, без да се слушне волјата на мнозинството од народот. Следствено, се чини дека Министерството потфрлува во приоритетот за унапредување на правата на сите граѓани.

Доколку навистина сте биле транспарентни и сте организирале дебати на кои секој можел да изнесе став, како што се вели во објавата, се прашувам зошто таа „транспарентност“ не беше видлива и јавно разгласена? Дали на тие дебати имаше спротивставени страни, од кои едните не се согласуваат со донесувањето на законот за родова еднаквост, или тие „дебати“ во суштина беа еднострани монолози? Се обидовте ли воопшто да поканите лица и организации кои застапуваат една поразлична перспектива, со цел Вие како сериозен и одговорен раководител на Министерството да донесете правилна одлука, откако ќе го ислушате и двете страни?

Всушност, реакцијата на народот во врска со трибината што беше одржана минатата седмица говори дека не сте направиле простор за вистината и дека нема подобрување, туку само назадување и регресија на законското решение. Доколку навистина имаше подобрување, ќе немаше потреба да излезете со гореспомната објава како контрареакција на реакцијата на народот.

Во објавата се вели дека ставовите изнесени на трибината во однос на родовата еднаквост се „погрешно интерпретирани, користејќи реторика која е спротивна на основните принципи за човековите права“, за веднаш потоа да го побиете тоа Ваше тврдење. Најпрво тврдите дека родовата еднаквост се однесува на „зајакнување на жената во општеството“, за на крај да ја завршите реченицата со зборовите дека целта на законот е „да создаде услови за остварување на потенцијалите на сите луѓе, без разлика на полот, родот и родовиот идентитет“, со што експлицитно ги поистоветувате жените со мажите што се идентификуваат како жени. Со само една реченица успеавте да докажете дека целта на овој закон не е подобрување на положбата на жената и унапредување на нејзината улога во општеството, туку напротив, целта е издигање на одреден вид мажи што страдаат од психичко растројство над сите жени и над сите мажи во Македонија. После ваква изјава, редно е да го тргнете Вашиот дискурс „се залагаме за правата на жените“ настрана и да бидете транспарентни со народот дека според Вас, жените можат да имаат машки гениталии и мажите можат да раѓаат. Верувам дека како политичар веќе Ви е познато од искуството на западниот свет дека со вакво игнорирање на биолошките разлики меѓу двата пола, директно и бескруполозно се нарушуваат човековите права на жените, кои претставуваат 50% од населението во државата.

Што се однесува до тоа дали погрешно сум ја интерпретирал „родовата еднаквост“, доволно сведочат линковите и фотографиите кои ги презентирав како факти, потврдени од еминентни психолози, психијатри, биолози, доктори, лица што биле длабоко инволвирани во „родовата еднаквост“, научници, и искусни политичари.

Доколку не успеавте да посветите должно внимание на трибината и овој текст го напишавте само нагаѓајќи што сме зборувале на истата, Ви стојам на располагање да Ви ги испратам сите релевантни линкови на Ваше разгледување. Но, она што е уште поубедливо дека не сум погрешил во интерпретацијата е самата Ваша објава, од која половина е објаснување дека полот и родот се две различни нешта, дека човек со машки пол може да биде и жена и дека сите „стереотипи“ кои тоа го негираат, треба да се искоренат. Меѓутоа, со оглед на тоа што родовата идеологија во самата суштина се темели на нестабилни и контрадикторни аргументи, така и авторот на објавата не успеа да согледа дека прави една фатална грешка, со што ја побива сопствената теза. Имено, авторот објаснува дека „биолошките и физиолошки карактеристики ги дефинираат мажите и жените“, со што јасно укажува што е маж, а што жена и дека ако некој не ги поседува соодветните полови карактеристики, без разлика на тоа како се чувствува, не може да биде маж, т.е. жена.

Сексуалното образование во училиштата е предмет на дискусија во која треба активно да учествуваат родителите и за истото да се воведе мора да издејствувате широк општествен консензус. Во спротивно, секое наметнување е директен атак на слободата и уставно гарантираното право на родителите да одлучуваат како да ги воспитуваат и образоваат своите деца. Од прирачниците, кои се јавно достапни, досега можевме да видиме дека им се сугерира на децата дека можат да започнат со сексуални односи на која било возраст и можат да експериментираат со сексуални партнери, па затоа има потреба да се тестираат од сексуално преносливи болести. Оваа воопшто не спаѓа во категоријата „одговорно однесување“, кое вие тврдите дека ќе биде плод на сеопфатното сексуално образование.

Ставовите дека има безброј флуидни родови идентитети и дека маж може да раѓа, а жена може да има пенис, се штетни и разорувачки за психофизичкото здравје на децата. За ова, како што реков погоре, дополнително можам да Ви ги доставам сите линкови од научници и експерти кои алармираат децата да се држат подалеку од такви идеологии.

За крај, обидите да ми се забрани да изнесам свои ставови, поткрепени со докази и манипулативно да се оцрнува мојот лик од страна на активистите коишто Ви го срочиле текстот, претставува дискриминација на верска основа и цензура на слободниот говор, кој мене, а и на сите граѓани на Македонија, ни е гарантиран со Уставот. Се надевам ќе се сложиме дека една сериозна владина институција не смее да си дозволи такво нешто во земја каде што владее демократијата“.

Викарен Епископ г. Јаков Стобиски

ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица приведено лице кај кого се пронајдени опиум, екстази и амфетамин

Next Post

Костадинов: Не чувствувам должност како градоначалник, а посебно како човек да се оградувам од ставовите од Црквата

Related Posts

Во Струмица одбележан меѓународниот Ден на победата над фашизмот и Денот на Европа
Вести

Во Струмица одбележан меѓународниот Ден на победата над фашизмот и Денот на Европа

петок, 9 мај, 2025 | 13:28
Сеќавање: 8 години од смртта на светскиот музичар Зоран Маџиров
Вести

Сеќавање: 8 години од смртта на светскиот музичар Зоран Маџиров

петок, 9 мај, 2025 | 09:02
Општина Струмица поставува хиперлокална мрежа од сензорски монитори за откривање жаришта и извори на загадување на воздухот
Вести

Општина Струмица поставува хиперлокална мрежа од сензорски монитори за откривање жаришта и извори на загадување на воздухот

четврток, 8 мај, 2025 | 16:37
Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција
Вести

Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција

среда, 7 мај, 2025 | 17:21
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Приведен струмичанец кој со нож се обидел да нападне полициски службенци кои извршувале службени дејствија

среда, 7 мај, 2025 | 14:35
Во Белград беше реализиран проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“ – Никола Маџиров и Петар Андоновски читаа извадоци од своите дела
Вести

Во Белград беше реализиран проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“ – Никола Маџиров и Петар Андоновски читаа извадоци од своите дела

вторник, 6 мај, 2025 | 17:11

ТОП ВЕСТИ

Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција
Анастасија Цамбулева од Струмица е победник на фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас 2025“ во Сушица
Одбојкарите на Струмица ја освоија 12-та шампионска титула, 8-ма во низа

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица
Сите заедно ќе трчаме за Кочани на 25 мај и во Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist