сабота, 17 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков реагира на „Пост-осмомартовската акција“ во Струмица

понеделник, 11 март, 2024 | 12:08
in Вести, Струмица
Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков реагира на „Пост-осмомартовската акција“ во Струмица

Пост-осмомартовската акција – Славењето заврши, време е да се вратиме во реалноста што во Струмица ја организираше Центарот за современа уметност од Скопје и Организацијата на жени од Струмица наиде на реакција од Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков и Струмичката Православна Епархија.

Целиот текст од реакцијата на г. Јаков:

„Оваа година, за разлика од претходната, т.н. осмомартовски маршеви, организирани од родовите активисти на добро познати НВО организации, поминаа очајно како и досега, но овојпат срамежливо во однос на дрската антицрковна и џендер-афирмативна реторика од типот „и транс-жените се жени“ и уличарски пцовки упатени кон Црквата. Ако го занемариме фијаското на еден политичар кој јасно ни стави на сите до знаење дека топ приоритет во неговиот политички концепт е носењето на Законот за родова еднаквост, би можеле да кажеме дека ништо друго особено и не ни го привлече вниманието. Но, со оглед на тоа дека нас во Струмица овие прогресивни, неолиберални и дехуманизирачки организациисо месеци наназад нѐ квалификуваат како примитивни, ретроградни, мизогенични итн. (им нема крај на епитетите), две ним сродни организации особено се мотивираа во пост фестум обид да нѐ реедуцираат тука, во „рурална“ Струмица, со урбани инсталации.

Велат дека примарната цел на пораките е да ја подигнат свеста за женските права и да ги поттикнат локалните власти да преземат мерки за унапредување на родовата еднаквост –истите оние локални власти кои на чело со градоначалникот не само што рекоа дека цврсто ѝ застануваат на патот на родовата идеологија, туку и ги исфрлија поимите род и родова еднаквост од годишните програми, како механизам за одбрана токму на жените и женските права. И, уште ја прекинаа соработката со сите радикални и агресивни организации кои, меѓудругото, ја сочинуваа работната група што го пишуваше накарадниот закон, инаку ментори на нашите локални прогресивни протагонистки на родовиот концепт. Сите мерки што локалните власти ветија дека ќе ги преземаат во иднина ќе бидат за унапредување на еднаквите можности меѓу жените и мажите до потполна полова рамноправност, но за сите овие организации тоа не е доволно. Ним воопшто не им е грижа ниту за правата на жените ниту за безбедното детство на децата. Тие едноставно сакаат да се вратат и да станат водечки фактори во локалните политики во Струмица, а преку тоа и во нашите животи. Затоа веќе во една Општина имаме во зародиш родови кружоци, составени од изманипулирани жени, кои не сфаќаат дека концептот на т.н. родова еднаквост нема да ги изедначи со мажите, туку ќе им овозможи на мажите да влезат како жени во женскиот свет и да ги прегазат во секоја смисла. Но, за тоа во периодот што претстои…

По сето ова погорекажано не е ни чудо што единствено улиците на Струмица се „украсени“ од оваа квази уметност и што посебни напори родовите активисти вложуваат во Струмица и струмичко, но и парите на нивните донатори се насочени и допрва ќе се истураат во нашата Епархија, сѐ со цел родово да ги „просветлат“ струмичани. Тактичноста може и да не им е толку лоша страна како што изгледа, но кутрите ги сопнува и вади од сатанскиот колосек нивната омраза кон Црквата и кон Бог, па така не издржаа исега да хулат и да се потсмеваат со сѐ што ни е свето.

Опскурните алузии кон Црквата со „чудотворната вода“ и симболот на радикалниот феминизам, кој е всушност превртен крст, воопшто нема да ги коментирам. Оваа година, не на некое друго место туку среде Струмица, кукавички сета своја омраза кон Црквата ја изразија ставајќи ги своите чувства во устата на човек кому не сакам да му го спомнувам името, но кој целиот свој живот ја пцуеше Мајката Божја, украсот на жените, поткрепа на мајките, наша надеж и утеха, Онаа чијашто прегратка е престол Божји, и во исто време мајчинска прегратка за секој еден од нас. Таа пцовка кон Пресвета Богородица одекнуваше деновиве низ Струмица во име на „женските права“, градот кој самата Мајка Божја со векови го штити, и од ридот на Велјуса со векови милостиво го прима, прегрнува. Затоа Струмичани, знаејќи го тоа, радувајќи се како деца кај својата мајка, на секој Нејзин празник во безбројна река притекнуваат, и нема сила на овој свет што некого може да го спречи да се искачи до Велјуса, свештеното живеалиште на Мајката Божја и наша Мајка, да заблагодари, да заплаче, да се помоли, да се утеши, да се израдува, и никој никогаш не се вратил празен, разочаран и напуштен од Неа.

Но, деновиве, реки од луѓе во Струмица немо поминаа покрај портретот на овој лик од нашата историја, кој ја пцуе Богородица во име на оние што ни навестуваат подобар свет без Бога, во име на оние што велат дека Нејзината света икона (Мајка со дете) е стереотип и унижување на жената, во име на оние што велат дека и мажите можат да бидат жени и да раѓаат, во име на оние што сакаат да ни ги трујат со штетни идеологии децата, да ги касапат во име на слободата, велејќи им дека Бог го нема последниот збор и дека родот е флуиден, па следствено на тоа и полот, оти човекот е бог и може да го промени. Сето ова се катастрофи и трагедии за многу семејства кои доаѓаат и очигледно веќе дојдоа, но многу потрагично е што до таа мера никој не чувствува болка и огорченост што во сред Струмица се пцуе Богородица, како да станува збор за некој што не го познаваме и ни е туѓ. Ако паднавме во таков амбис во кој Мајката Божја не е и наша Мајка, ако Пресвета Богородица во Струмица не е веќе слава и пофалба на мајките, жените и девојките, тогаш нема ниту да речам Господ нека ни е напомош, бидејќи Господ токму преку Неа се воплоти и стана Човек и дојде да ни помогне. Господи Исусе Христе, Сине Божји, заради Богородица, помогни ни“ – напиша Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.

ShareTweetShare
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на Димитар Ковачевски во Струмица

Next Post

Струмичката карневалска фешта почнува во среда – низ неа ќе не води Игор Џамбазов

Related Posts

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност
Вести

„Комуналец“ во Раборци постави нова пумпа за вода со поголема моќност

вторник, 13 мај, 2025 | 11:36
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница
Вести

Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

вторник, 13 мај, 2025 | 10:04
МВР: Во Копаница пронајден пиштол кој потекнува од кражба извршена во домот на убиената М.Б. во Струмица од страна на нејзиниот роднина П.И.
Вести

На Кванташки пазар автомобил удрил во пешак

понеделник, 12 мај, 2025 | 17:22
Изгоре викендица во Раборци
Вести

Изгоре викендица во Раборци

понеделник, 12 мај, 2025 | 13:02
Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Вести

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате

понеделник, 12 мај, 2025 | 08:43
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Вести

Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски

недела, 11 мај, 2025 | 22:34

ТОП ВЕСТИ

Децата на Карате клубот „Шихан“ од Струмица освоија 11 медали на Светското првенство во фудокан карате
Струмичанецот Златко Пасков е светски шампион во кршење даски
Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist