Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, кај селото Нивичино, каде што гори нискостеблеста шума. При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода. Пожарот сé уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, информираат од МВР.