Екипи на ЈПКД „Комуналец“ Струмица започнаа хортикултурно да го уредуваат покриениот порој „Крушевска Република“ во Струмица. Само што почнаа да засадуваат млади зимзелени декоративни садници, во истиот ден почнаа да се крадат, се откорнуваат од засадената површина. „Комуналец“ објави и видео снимки на кои се гледа како граѓанин, ноќта паркирајќи се покрај дрвцето го корни и си го става во багажникот, друг „на сред бел ден“.
„По само неколку дена од почетокот на уредувањето има десетина украдени новонасадени дрвца. Благодарение на совесни граѓани добивме и видео снимки од нивните камери во кој јасно се гледа како се уништува и краде тоа што е направено. ЈПКД „Комуналец“ ќе ја санира штетата, ќе посее нови дрвја и ке го уреди оваа шеталиште. Ги охрабруваме сите совесни граѓани да снимат, фотографираат и анонимно пријавуваат вакви и слични постапки на поединци со цел ние да покренеме понатамошни дејствија. Само на тој начин ќе ставиме крај на ваквите несакани појави“, соопштуваат од комуналното претпријатие.
Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека целото шеталиште ќе биде хорикултурно уредено со трева, дрвја и украсни растенија и одржувано од страна на екипа од „Комуналец“. Со поставување на клупи и канти за отпадоци целиот овој потег ќе добие убав, еколошки и урбан изглед кој ќе даде допринос за поквалитетно животно опкружување.