Познатите струмички песни „Под кулите на Струмица“, „Во Струмица на улица“ на Наско Џорлев, „Лажи, лажи Вере“ на дуетот Митева-Узунов, „Граде мој“ и „Твојот абер“ на Гоце Арнаудов, „За тебе брате“ на Горан Кукиќ, „Мерак сокриен“ на Благица Калева и Ванчо Ичев, „Песна за Струмица“ на Благица Павловска и „Перов са-са“ од Агушеви се најдоа во видео проектот „Звукот на Македонија“ на познатата музичка група „Маестро“, кои снимија видео од убавините на градот Струмица, двата манастири во Водоча и Вељуса токму со нивни изведби на најубавите македонски песни.
Оваа е петто видео „Звукот на Македонија“ кое „Маестро“ го реализираат во неколку македонски градови и со песни кои потекнуваат од тој реон, а претходните четири се од Битола, Охрид, Струга и Велес.