Македонска поп пејачка Александра Јанева вечерва прави свадба. Облече бела долга венчаница и официјална му стана сопруга на Иван Ангелов од Штип, но роден струмичанец.
Свадбената веселба е во ресторанот „Ројал Парк“ во Струмица, а за одлична и весела атмосфера се грижат момците од „Арија бенд“.
Минатата година во ноември во Париз, под Ајфеловата кула му кажа „ДА“ на Иван, а на почетокот на месецот Александра славеше моминска вечер во познат ноќен клуб во Белград со нејзините блиски пријатели.
Иван е поранешен кадетски и младински ракометен репрезентативец на Македонија. Потекнува од „Текстилец“, ги бранеше боите на „Вардар Јуниор“ и „Драчево“, играше за грчки „Аеропос Едеса“, а во својата биографија има запишано настап на ЕП во младинските категории.