По 12-ти пат во организација на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, Општина Струмица и Струмичката Епархија, вечерва во Црквата „Свети Петнесет Тивериополски свештеномаченици“ се одржа Фестивал на источно црковно пеење.
Станува збор за фестивал преку кој се афирмира старото македонско црковно пеење, кое во православната традиција се интерпретира само вокално, без инструменти, за разлика од другите светски религии.
Четири хорови се претставија вечерва пред публиката, љубители на црковно пеење, но и пред свештеници на Струмичката Епархија. Женскиот хор „Св. Теофил Струмички“ од Струмица и битолските: Машки византиски хор „Св. Нектариј Битолски“, Женски хор „Св. Макрина“ и Детскиот хор „Св. Стилијан“, најмладите хористи кои добија громогласни долги аплаузи и со освојата интерпретација оставија посебени чувства кај публиката во Божјиот храм „Св. Петнаесет“.
Освен изведбите на овие хорови на фестивалот свое обраќање имаше м-р Игор Гулевски на тема „Источно црковно пеење“.