Вечерва е полуфиналето од големото натпреварувачко ТВ шоу „Ѕвездите на Гранд“. Струмичанката Славица Ангелова е меѓу 24-те кандидати која со својот настап и гласовите на жирито ќе се бори за влез во утрешното големо финале и изборот на ѕвездата на Гранд.
16 кандидати ќе продолжат до финалето, а еден од нив ќе биде ѕвездата на Гранд во сезоната 2022/2023 на ова најпопуларно ТВ шоу во регионот. Победникот ќе го избираат гледачите од регионот, односно од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија по пат на гласање.
Гледајте вечерва од 21:15 часот на ТВ Сител и навивајте за Славица Ангелова за влез во големото финале…