Одбојкарките на ОК „Струмица жени“ ја продолжија победничката серија од почетокот на сезоната во домашната прволигашка конкуренција. Вечерва во Штип во рамките на 5-то коло струмичанките обезбедија максимална победа од 3:0 над екипата на ОК „Младост УГД“, во сетови (20:25, 13:25, 17:25).
ОК „Струмица жени“ со оваа петта победа останува рамо до рамо со градските ривалки ОК „Наковски Волеј“ на првите две места на табелата.