недела, 7 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Велигденска честитка на Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

петок, 7 април, 2023 | 13:26
in Вести, Струмица

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов по повод празникот Воскресение Христово – Велигден упати честитка до верниците од католичка вероисповед во Македонија.

Интегрален текст од обраќањето:

Со празнувањето на Велигден, ние христијаните го славиме големиот настан што се случил по Исусовите страдања и смртта на крстот, како што севкупното велигденско таинство ни го пренесуваат евангелијата во Новиот завет. Велигден е празник, кулминација на сè што Бог направил во историјата на спасението. Исус, верен на својата мисија да го откупи човекот, ги прифати страданијата и смртта, токму како што пееме во велигденската химна од римскиот обред: „Човекот да го откупи, Синот го даде.“ Но неговото тело не остана во гробот, туку воскресна од мртвите на третиот ден. Преку воскресението, Исус се открива како моќен Господ, жив и прославен.

Марија Магдалена „во првиот ден од седмицата рано наутро дојде на гробот, уште додека беше темно“ и се упати кон гробот (Иван 20,1). Длабока симболика се крие во овие зборови „уште додека беше темно“. Верата во Марија сè уште не блеснала. Исус е во темнината на земјата, неговите непријатели се радуваат, а неговите пријатели, парализирани и сè уште во темнина, просејуваат низ сеќавањата. Кога Марија Магдалена стигна до гробот, забележа дека каменот е подигнат од гробот. Тоа беше зрак светлина, отворен гроб, почеток на нов ден. Иако сè уште не и било јасно што се случило, таа сепак трча кај учениците во зори и ги известува: Господ не е во гробот. Во тој гест се открива трошка надеж, која сè уште не го отворила просторот на самата вера, туку се носи со неа.

После тоа, Марија Магдалена го сретнува Господа, но на таа средба не го препознава, сè уште е во темнина и мисли дека тој е градинарот, на кого сепак низ солзи му ја изразува својата загриженост: „Го земале Господа мој и не знам каде Го положиле“ (Иван 20,13). Штотуку кога Исус и се обратил по име, полека ѝ се разденува, нејзиното срце почнува да гледа, а таа се свртува и Му вели: „Равуни -Учителе!. Тоа не е само форма на обраќање, туку е исповед на верата. После тоа, таа добива задача да оди и да им каже на учениците, да им ја пренесе Радосната вест: „Го видов Господа и дека тоа ѝ рекол“ (Иван 20,18). Веќе не се зборува за малодушност, тагата ја нема, а таа доби нова задача да биде предвесник на Христовото воскресение.

Соочени со најразлични општествени предизвици, како што е вештачката интелигенција, на што општeството допрва треба да даде одговор за да се зачува човечкото достоинство, обидите да се испишува нова антропологија во која нема место за Бог, опасноста од нуклеарна војна, како и многу други закани, сепак Воскреснатиот Господ од празниот гроб како на Марија Магдалена, така и нам ни упатува зрак светлина, која гласи: Никогаш да не западнеме во безнадежност.

Нашата вера во Воскреснатиот Господ може да ги победи сите стравови, вознемирености, неволји и грижи со кои се соочуваме. Христос го победи гревот и смртта. Гробот не можеше да Го задржи. Така Христос ќе го победи сѐ она што претставува грев, закана и го загрозува човештвото, кое што Тој го љуби и таа љубов ја посведочи со својата смрт и воскресение, правејќи нѐ соучесници на неговото воскресение. Тој е Алфа и Омега, Почеток и Крај. Тој го победи светот!

Оваа порака за Исусовото воскресение ја слушаме во Црквата секоја година за време на Велигден. Нека и оваа година нѐ оттргне од нашето секојдневие, за да се обратиме кон Воскреснатиот Христос. Ќе успееме ли да ја исповедаме нашата вера: „Равуни – Учителе!“ При средбата со него, да го послушаме и да му се обратиме, а потоа да посведочиме со нашиот живот: „Го видов Господа!“ Честит празник Воскресение Христово – Христос воскресе!

Ваш бискуп/епископ

+ Киро Стојанов

ShareTweetShare
Previous Post

Пожарникарите на Струмица и Петрич со заедничка симулациска вежба кај браната „Иловица“

Next Post

Во Општина Босилово собрани 1000 килограми пластика – за возврат граѓаните добија овошни садници од општината

Related Posts

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
Вести

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле

сабота, 6 декември, 2025 | 16:32
Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември
Вести

Младиот ликовен уметник Таше Пефќев со втора самостојна изложба на 17 декември

сабота, 6 декември, 2025 | 14:20
Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија
Вести

Средба на женски организации од Југоистокот со пратенички: Локалните предизвици од руралните средини бараат системски решенија

сабота, 6 декември, 2025 | 12:27
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Вести

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката

сабота, 6 декември, 2025 | 10:42
14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов
Вести

14 години без македонската фолк легенда Гоце Арнаудов

сабота, 6 декември, 2025 | 08:54
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39

ТОП ВЕСТИ

Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist