Четврток, 1 Јуни 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Британскиот амбасадор и министерката за труд и социјална политика го посетија Здружението на граѓани „Скај плус“ во Струмица

Среда, 22 Март, 2023 | 13:51
во Вести, Струмица
Британскиот амбасадор и министерката за труд и социјална политика го посетија Здружението на граѓани „Скај плус“ во Струмица
Британскиот амбасадор и министерката за труд и социјална политика го посетија Здружението на граѓани „Скај плус“ во Струмица
Британскиот амбасадор и министерката за труд и социјална политика го посетија Здружението на граѓани „Скај плус“ во Струмица
Британскиот амбасадор и министерката за труд и социјална политика го посетија Здружението на граѓани „Скај плус“ во Струмица
Британскиот амбасадор и министерката за труд и социјална политика го посетија Здружението на граѓани „Скај плус“ во Струмица
Британскиот амбасадор и министерката за труд и социјална политика го посетија Здружението на граѓани „Скај плус“ во Струмица

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Британија во Република Северна Македонија, Метју Лосон, градоначалникот на oпштина Струмица, Костадин Костадинов, претставничката на УНФПА, Афродита Плавјанска Шалја го посетија Здружението на граѓани „Скај плус“ во Струмица, кое покрај засолниште има воспоставено и советувалиште за жени жртви на семејно насилство и нивните деца во Општина Струмица.

„Скај Плус“ како засолниште за жртви од насилство, е пример за модел на соработка кој ги вклучува сите клучни чинители, Министерството за труд и социјална политика, локалната самоуправа, полицијата, граѓанското општество и приватниот сектор. Владата на Република Северна Македонија, со поддршка од Британската амбасада, презеде цврсти чекори во заштитата на жртвите на Семејно Насилство и Родово базирано насилство и овозможување на соодветни услуги за заштита и поддршка на жртвите на насилство и нивните деца“, кажа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Таа посочи дека потребно е следење на текот на живот на жртвата со цел повторно интегрирање во општеството.

Амбасадорот Метју Лосон, го истакна значењето на поддршката на жените и девојките кои претрпеле семејно насилство.

„Тоа е неверојатно важно прашање и навистина мислам дека фактот да се биде во Струмица заедно со граѓанскиот сектор, заедно со локалната самоуправа е навистина добар пример за соработка помеѓу партнерите во оваа земја и меѓународните партнери и заедничката поддршка насочена кон жените и девојките и ова прашање останува да биде приоритет за британската Влада преку нашата работа во оваа земја“, кажа амбасадорот Лосон.

„Заедно со нашите партнерски институции и организации работиме на неколку полиња во унапредување на сервисите за жртвите и преживеаните. Помогнавме да се заокружи законската рамка преку сите подзаконски акти, да се изработи Протоколот за мултисекторско постапување и соработка и да се дизајнира модел на интегрирано собирање и анализа на податоци за родово базирано и семејно насилство. Преку заедничките кампањи и локални средби, интензивно работиме услугите да бидат достапни особено до ранливите категории на жени и девојки. Не застануваме тука, бидејќи само заеднички можеме да ги подобриме услугите, а воедно и да му ставиме крај на насилството“, порача Афродита Плавјанска Шаља пред присутните.

Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов ја изрази поддршката на општината во борбата против родово базираното насилство и заштита на жените од семејно насилство.

„Општина Струмица, го држи врвот и нема намера да се симне од него. Така е во многу области, така е и во областа на згрижување на жените – жртви на семејно насилство и нивните деца. Струмичкиот „Шелтер центар“, како позитивен пример за соработка на Здружението на граѓани „Скај Плус“ и Општина Струмица, е вистински доказ за тоа“, кажа Костадинов.

Стојне Митева од здружението „Скај Плус“ изрази огромна благодарност и од име на „Скај Плус“ и од Општина Струмица кон Британската Амбасада и УНФПА.

„Навистина без нивната поддршка немаше ниту да се создадат услови за напредок на организацијата и сите внатрешни документи коишто и се потребни на организацијата со цел комплетна заштита на жртвите на семејното насилство но и изработката на прирачникот, секако повторно под капата на УНФПА и Британската амбасада. Јас сум бескрајно благодарна за тоа што амбасадата дозволи прирачникот да се појави и да биде достапен и онлајн па така Букварот како до шалтер центар односно до реплицирање на моделот, во којшто ќе бидат вклучени сите чинители во општеството зошто само така можеме да се избориме со болката којашто ја чувствуваат за жал многу жени во Струмица, во земјава, во регионот“, кажа Митева.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Во струмичката болница за првпат е изведена процедура за стентирање на вратна артерија преку артерија на рака на пациентот

СЛЕДНА ОБЈАВА

Во Струмица приведено лице кај кого се пронајдени опиум, екстази и амфетамин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екипата на III година – Гимназиско најдобри кошаркари на првиот турнир на СОУ „Јане Сандански“
Вести

Екипата на III година – Гимназиско најдобри кошаркари на првиот турнир на СОУ „Јане Сандански“

Среда, 31 Мај, 2023 | 20:23
Асоцијацијата за посебни текови на отпад во Струмица организираше дводневна работилница за размена на искуства и предизвици од имплементација на законите
Вести

Асоцијацијата за посебни текови на отпад во Струмица организираше дводневна работилница за размена на искуства и предизвици од имплементација на законите

Среда, 31 Мај, 2023 | 18:53
Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал во посета на Струмица
Вести

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал во посета на Струмица

Среда, 31 Мај, 2023 | 18:14
Во Струмица на 3 јуни – Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство
Вести

Во Струмица на 3 јуни – Фестивалот EXIT и Coca-Cola го носат најдоброто светско фестивалско VR-искуство

Среда, 31 Мај, 2023 | 17:08
По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни
Вести

По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни

Среда, 31 Мај, 2023 | 15:38
Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“
Вести

Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“

Среда, 31 Мај, 2023 | 14:34

ТОП ВЕСТИ

По втор пат „Вело Струмица“ на 1, 2 и 3 јуни
Од утре до 9 јуни во Струмица „Classic International Festival Strumica 2023“
„Вознемирена земја“ во ко-авторство на струмичанката Кумјана Новакова номиниран за награда за најдобар документарен филм на Doc Alliance

ВЕБ БИЛБОРД

„Sugarland“ бара продавачи на сладолед „Sugarland“ бара продавачи на сладолед
Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт Студиото за убавина „Престиж“ Струмица има потреба од физиотерапефт
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Возач на камион
АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист АМБАЛАЖНИ СЕРВИС вработува Продажен референт – Комерцијалист
СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо СЕ ИЗДАВА дуќан на струмичкото корзо
Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка Бутиците „УНО“ и „БРЕНД“ бараат продавачка
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
„ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка „ПЕЕМ ЕДЕЛВАЈС“ Струмица вработува продавачка
Компанијата НИПРОМ вработува Компанијата НИПРОМ вработува
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Во Музејот во Струмица на 26 мај Изложба „Ченто – биографија низ фотографија“
На 24 мај Изложба на фотографии „Во мир и тишина“
Изложба на иконовидни слики на тема „Светлина“ на Запро Запров
На 25 мај по 13-ти пат Фестивалот „Под кулите на Струмица“
Обвинителката Лидија Вукичевиќ на 27 мај доаѓа во Струмица

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist