среда, 26 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Брендовите на Елена Пандева – Златен спонзор на „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“

четврток, 3 октомври, 2024 | 14:27
in Вести, Магазин, МАРКЕТИНГ, Струмица
Брендовите на Елена Пандева – Златен спонзор на „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“

Струмичанката Елена Пандева како успешна бизнис жена, менаџер и сопственик на етаблираните брендови ЕЛЕНА ЛУКА и ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, е Златен спонзор, воедно и вип гостинка на „Eкономски форум на жени лидерки – Women Economic Forum – Balkans 2024“, настан кој што има за цел да го поддржи и зајакне женското претприемништво и лидерство и кој за прв пат се одржа во Македонија, на 2-ри и 3-ти октомври во хотел „Мериот“ во Скопје.

Преку својот импресивен пример на жена лидер која паралелно менаџира бизниси во повеќе сфери, ЕЛЕНА ЛУКА во рамки на својата агенда на настанот, има за цел да го поддржи и мотивира женскиот бизнис сектор во Македонија, но и на интернационално ниво, имајќи предвид дека таа е и членка на глобалната G100 заедница која важи за една од најмоќните групации која ја сочинуваат жени лидери и која има за цел да се создаде еднаква, прогресивна и инклузивна средина за жените ширум светот.

„ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ и ЕЛЕНА ЛУКА важат за најуспешни компании секоја во својот домен, предовдени од жена. Токму затоа, на покана на организаторите на настанот, „Елит“,  Здруженитето на жени менаџери и како членка насветската организација G100 која е и една од најмоќните глобални женски здруженија, чест ми е што денеска сум во друштво на многу истакнати и успешни жени на интернационално ниво и сум вип гостинка на настанот воедно и Златен спонзор. Моето учество на овој исклучително квалитетен настан, кој за прв пат се одржува во Македонија и вклучува неколку панел дискусии на особено важни теми за женскиот бизнис свет, е приоритетно да ја дадам својата поддршка како жена која успешно предводи бизниси во повеќе сектори и преку својот пример да укажам на позитивни практики во деловниот свет. Овој настан е одлична прилика за меѓусебно вмрежување и дискусија за сите позитивни промени, но и предизвици со кои се соочуваат жените пред се во бизнисот на светско ниво и кај нас, како и за изнаоѓање на решенија за истите. Мојот фокус во рамки на денешната агенда, покрај моето залагање и поддршката за женското лидерство, вклучува и промотивна кампања во контекст на премиум станбено деловниот комплекс FUTURA. Навистина сум горда што ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ како компанија, а воедно и FUTURA Complex како капитален проект, се вистински репрезент на светските стандарди во градежништвото. FUTURAComplex е новиот модерен архитектонски печат на Скопје, лоциран во општина Кисела Вода, на најфрекфентниот булевар „Борис Трајковски“, на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје, сместен во опкружување со развиена социјална инфраструктура и со сите капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек. И токму преку вакви капитални проекти како што е FUTURA и генерално успехот на компаниите што ги менаџирам, се илустрира моќта и влијанието на женското претприемништво и нашата способност за економско, но и социјално зајакнување на општеството, како една од главните цели на G100“, истакна Елена Пандева.

ShareTweetShare
Previous Post

РОДЕНДЕНСКИ ВИКЕНД во „HOME by Almak“ – Индустриска зона Василево

Next Post

Трипуновски до Костадинов: Што треба да се направи за да ние како Влада излеземе во пресрет на граѓаните и да се реши оваа ситуација во која се наоѓаат струмичани

Related Posts

Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“
Вести

Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“

вторник, 25 ноември, 2025 | 22:09
Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица
Вести

Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица

вторник, 25 ноември, 2025 | 19:56
„Комуналец“ апелира за трпение поради отежнато собирање на комуналниот отпад
Вести

„Комуналец“ апелира за трпение поради отежнато собирање на комуналниот отпад

вторник, 25 ноември, 2025 | 14:57
Пепи Велков со убедлива победа на стартот на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби
Вести

Пепи Велков со убедлива победа на стартот на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби

понеделник, 24 ноември, 2025 | 18:01
Во Струмица се одржа 13-от Фестивал на Источно црковно пеење – вечер исполнета со духовност и традиција
Вести

Во Струмица се одржа 13-от Фестивал на Источно црковно пеење – вечер исполнета со духовност и традиција

сабота, 22 ноември, 2025 | 21:05
Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица
Вести

Комуналец: Исчистена дива мини депонија во центарот на Струмица

петок, 21 ноември, 2025 | 11:38

ТОП ВЕСТИ

Струмица ја осветли општинската зграда во портокалово – почеток на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жените и девојчињата“
Васка Кирова именувана за директорка на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ во Струмица
Пепи Велков со убедлива победа на стартот на Светското првенство во кикбокс во Абу Даби

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist