петок, 9 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци: Целта на UltiMATH е покажување на практичната примена на математиката во различни индустрии

вторник, 19 ноември, 2024 | 15:28
in Вести, Магазин, МАРКЕТИНГ
Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци: Целта на UltiMATH е покажување на практичната примена на математиката во различни индустрии

Математиката е применлива во голем број на индустрии и поттикнувањето на знаењето во оваа дисциплина може да создаде идни успешни генерации во повеќе области, смета Александра Спирковска Златановска дипломирана професорка по математика која учествува во подготовка на најголемиот натпревар по математика за средношколци „UltiMATH“.

Александра Спирковска Златановска е дел од тимот на UltiMATH, новиот предизвик за сите ученици во средно училиште создаден од Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци. Според неа, многу ученици и студенти не се свесни за вистинскиот обем на можности што ги имаат доколку посветено го развиваат својот талент во математиката и токму затоа една од целите на натпреварот UltiMATH е да ги поттикне младите да ги истражат сите можности што таа им ги нуди.

„Во нашиот регион, математиката често се гледа како област која води кон професијата професор или научник, но сепак таа е применлива во скоро секоја индустрија. Не само во инженерство или физика, туку и во индустрии како финансии, технологија, информациски системи, здравство и многу други. Математиката е темел на многу иновации и современи решенија и треба почесто да се потсетуваме дека таа е ‘гимнастика на умот’“, вели Спирковска Златановска.

Организаторите на UltiMATH велат дека се задоволни од досегашниот одѕив на пријавени учесници во првата квалификациска рунда што се одвива онлајн. Како позитивна ја издвојуваат и поддршката на повеќе од десет гимназии и средни училишта од цела Македонија кои препознале дека UltiMATH претставува одличен канал преку кој учениците можат да ги измерат своите знаења во математика, да се поттикнат да размислуваат критички и да ги развијат своите аналитички и логички способности, но и да се дружат во живо на големите финалиња на кои ќе учествуваат 350 ученици.

Тимот што го подготви UltiMATH е составен од врвни експерти во математиката и образованието, кои заедно работат на создавање на уникатен натпреварувачки предизвик. Покрај Спирковска Златановска, дел од тимот се и Ивица Пешовски, докторанд на компјутерски науки и предавач на Бреинстер НЕКСТ факултетот, Огнен Трипуноски главен оперативен директор во Бреинстер, Гордана Николовска, магистерка по математичко моделирање со богато менторско искуство, Филип Николовски, докторанд и член на Сојузот на математичари со долгогодишна пракса во натпревари, како и Тамара Димитрова, експертка за ИКТ во образованието и иноваторка, која носи уникатен пристап кон креативноста и технологијата во наставата.

Математика и логика – како да се подготвам за UltiMATH?

UltiMATH е структуриран во пет рунди и две фази. Квалификациската фаза е отворена до 26 ноември, додека елиминациските рунди ќе се одржат во живо на 30 ноември и на 1 декември во Ист Гејт Мол во Скопје.

За сите оние што се подготвуваат и се гледаат себе си на големите финалиња на UltiMATH, Трипуновски вели дека ќе се соочат со математички предизвици внимателно и темелно подготвени. Сакаме да ги охрабриме и да ги поттикнеме младите умови да размислуваат поинаку математички – да бидат темелни познавачи на материјата, но истовремено да бидат и прагматични, појаснува Трипуноски кој е главен оперативен директор во Бреинстер и го подготвува натпреварот.

„Замислата е на сите оние кои се доволно храбри да го прифатат предизвикот да бидат дел од овој натпревар, да им покажеме еден нов свет во кој владее математиката и како таа придонесува кон изнаоѓање на решенија на реални и комплексни проблеми“, вели Трипуноски.

Според Пешовски, главен технолошки директор во Бреинстер, UltiMATH е внимателно дизајниран за да обезбеди инклузивност и фер натпревар.

„Натпреварот е дизајниран да биде еден за сите средношколци од 1 до 4 година, без оглед на нивната година на школување. Наместо да креираме различни тестови според наставната програма за секоја година, се фокусиравме на составување предизвикувачки прашања што секој ученик кој има солидно знаење по математика треба да може да ги одговори без поголеми потешкотии. Еден од клучните фактори во самиот натпревар е и менаџирање со времето – учесниците не само што треба да ги покажат своите вештини, туку и да внимаваат на брзината и ефикасноста при решавање на задачите“, објаснува Пешовски.

Ултимативна награда од 10.000 евра

Покрај поттикнувањето на младите да се насочат во математика, UltiMATH е привлечен и поради наградата од 10 илјади евра во кеш за најдобриот математичар и стипендија што целосно ќе го покрие студирањето на Бреинстер НЕКСТ факултетот.

„Бреинстер како едукативно-технолошка организација континуирано придонесува кон развојот на образованието и се стремиме да создаваме сè повеќе можности. Така и ова е само една од многуте можности кои ги нудиме на нашите млади таленти“, вели Трипуновски и додава дека ќе има и други награди кои ќе бидат изненадување.

Тимот што работи на UltiMATH смета дека со учество на вакви натпревари, учениците добиваат можност да го усовршат своето логичко размислување, да се справуваат со предизвици, да применуваат стратегии за решавање проблеми и да ја развиваат својата упорност, истрајност и самодоверба.

„Дополнително отвораат нови професионални можности и академски успеси – не само што носат признанија, туку и создаваат основа за понатамошни студии, стипендии и избор на престижни универзитети“, вели Спирковска Златановска.

Таа се надева дека преку UltiMATH, кој ќе стане традиционален годишен натпревар, ќе се подобри севкупното учество во математичките натпревари, кое кај нас се движи на долна граница од 1-3%, споредбено со процентот во светски рамки кој е во опсегот од 1-5% од вкупен број на ученици и студенти во државата.

Натпреварот UltiMATH, покрај поддршка од голем број на средни училишта во Македонија, доби поддршка и од страна на повеќе компании и организации, како Ист Гејт Мол, WVP Fund Management, iBorn, The Beetles, Горска, Urban FM, МОФ – Младински образовен форум и други. UltiMATH е поддржан и од Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности – Youth Actively Create Opportunities.

*Иницијативата се спроведува во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC) во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемачи и развој на менаџери Скопје. 

Мислењата изразени во текстот им припаѓаат на авторите и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

ShareTweetShare
Previous Post

УХМР: Од утре силен ветер, пообилни врнежи од дожд, на повисоките места снег

Next Post

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов доби награда „Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа“

Related Posts

Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција
Вести

Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција

среда, 7 мај, 2025 | 17:21
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Приведен струмичанец кој со нож се обидел да нападне полициски службенци кои извршувале службени дејствија

среда, 7 мај, 2025 | 14:35
Во Белград беше реализиран проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“ – Никола Маџиров и Петар Андоновски читаа извадоци од своите дела
Вести

Во Белград беше реализиран проектот „Македонската книжевност на европското ѕвездено небо“ – Никола Маџиров и Петар Андоновски читаа извадоци од своите дела

вторник, 6 мај, 2025 | 17:11
ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на градоначалникот Костадинов за новиот ГУП
Вести

Во пресрет на локалните избори Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица ја создава својата програма – најави Петар Јанков

вторник, 6 мај, 2025 | 15:43
Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски се сретна со членството во Струмица во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“
Вести

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски се сретна со членството во Струмица во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“

вторник, 6 мај, 2025 | 15:00
Анастасија Цамбулева од Струмица е победник на фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас 2025“ во Сушица
Вести

Анастасија Цамбулева од Струмица е победник на фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас 2025“ во Сушица

вторник, 6 мај, 2025 | 11:26

ТОП ВЕСТИ

Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција
Анастасија Цамбулева од Струмица е победник на фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас 2025“ во Сушица
Одбојкарите на Струмица ја освоија 12-та шампионска титула, 8-ма во низа

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица
Сите заедно ќе трчаме за Кочани на 25 мај и во Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist