Доказ дека младинската школа на ФК „Беласица“ е расадник на млади таленти е појавувањето во првата екипа на младиот фудбалер Борис Србаков, кој на само 17 години дебитираше за првата екипа на натпреварот против ФК „Tетекс“ што се одигра на вчера во Тетово.
Стратегот на ФК „Беласица“, Шефки Арифовски во насока на промовирање на домашни и млади играчи му даде шанса на Србаков кој е играч за врска и претставува перспектива за фудбалот во Струмица.
Со ова ФК „Беласица“ докажува дека е клуб за пример, чиј императив е промоција на млади фудбалери кои произлегуваат од младинската школа на ФК „Беласица“. За Беласица, а впрочем и за сите клубови во Македонија, ова значи многу, бидејќи е многу важно клубот да може да се потпре на младите таленти од своите школи.