сабота, 24 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Божиќно послание на г.г. Стефан: Христовата вистина да биде нашиот поттик

понеделник, 6 јануари, 2025 | 20:39
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Божиќно послание на г.г. Стефан: Христовата вистина да биде нашиот поттик

Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод, по повод божикните празнувања, во Божиќното послание до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна црква со порака да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир во себе, мир во својот дом, мир со луѓето и мир меѓу народите.

Божиќното послание на поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан ви го пренесуваме во целост.

Возљубени празникољупци,
Вплотувањето на Бога во личноста на Господ Исус Христос, е настан со значење за сиот свет и за сите времиња. Преку тоа собитие, целото создание се преобразува, а на човештвото му се овозможува учество во божествениот живот и му се дава слобода преку победата над гревот и над смртта. А еден од даровите на тој спасоносен настан е потврдувањето на вистината дека секоја личност е посебна и неповторлива, обдарена со посебни дарови и таланти. Христијанството ја возвестува вистината дека секоја личност има непроценлива вредност пред Бога, Кој толку го возљуби човекот и светот, што самиот Себеси Се понижи до таа мера да се роди во пештера, да прими лик на слуга, па дури и да биде распнат на Крст – за сите и за сè.

Оваа вистина треба да ни послужи како поттик да дадеме сè од себеси, за во духовниот раст да Му се уподобиме на Христа, Кој, бивајќи Богочовек, е наш совршен пример на човечко битие. Тоа духовно растење, пред сè, започнува да ни се укажува преку Божјиот глас во секого од нас, што ние го нарекуваме совест, а совеста, пак, е како витлеемската ѕвезда којашто нè води до Господа Христа. И токму следењето на таа светлина е почетокот на покајанието, коешто доведува до вистинска промена на нашите животи.

Возљубени чеда во Господа,
Денес го празнуваме Рождеството на Синот Божји. Но од секого од нас зависи дали Тој ќе се роди и во нас, дали ќе се всели во нашите срца и души, дали ќе живееме со радоста од спасоносниот настан во Витлеем и со одговорноста којашто Христовото рождество ја носи со себе. Веста за доаѓањето на Месијата, пастирите и мудреците ја примиле со радост и љубов, а царот Ирод, пак, ја примил со завист и љубомора. И како што радоста и љубовта нè прават вистински Христови следбеници, така зависта и љубомората се моќни чувства кои можат целосно да нè уништат, правејќи нè робови на омразата и на стравот. Токму така се чувствувал и Ирод кога од мудреците, коишто ја следеле чудесната ѕвезда, разбрал за раѓањето на пророкуваниот и очекуван Месија. Евангелието ни сведочи дека тој се вознемирил, плашејќи се да не го загуби својот престол. На сличен начин, како ова Иродово однесување, и ние честопати претпоставуваме дека квалитетите и успесите на другите луѓе ги засенуваат нашите, па почнуваме да ги гледаме нив како закана. Животот во Бога, пак, и осознавањето на вистината дека, бивајќи Божји чеда, меѓусебно сме браќа и сестри, нè вдахновува со љубов кон другите, со взаемна грижа и со радост за сечие преуспевање.

Возљубени во Христа Богомладенецот,
Преку Божјата љубов ние сфаќаме дека, како Божји чеда, сите сме примиле дарби коишто треба да ги преоткриваме и утврдуваме. Светиот апостол Павле вели: Даровите се различни, но Духот е ист; и служењата се различни, но Господ е ист; и делувањата се различни, но Бог, Кој извршува сè во сите, е ист. Пројавата, пак, на Духот се дава секому, за полза на сите.

Каков и да е нашиот призив, какви и да се нашите дарови и таланти, сето тоа ќе придобие вистинска смисла доколку е принесено во служба на Бога, подобно на даровите коишто мудреците Му ги принеле на Богомладенецот. Служете си еден на друг, секој со дарбата што ја примил, како добри управители на разнообразната Божја благодат – вели светиот апостол Петар. А, пак, светиот апостол Павле ја истакнува нашата меѓучовечка поврзаност, велејќи дека сите сме членови и органи на Црквата и сите тие се важни и неопходни, иако имаат различни функции.

Возљубени чеда на Македонската Православна Црква,
Сите ние како личности, како Црква и како народ, да бидеме благодарни за сите наши дарби, бивајќи свесни дека сè што имаме е од Него, од Господа. Да се почитуваме меѓусебно, со даровите коишто Светиот Дух штедро ги излева врз секого, за изградување на единство во Црквата Христова. Милостивиот Бог, преку Неговата љубов и Неговата благодат, може да ги преобрази нашите стравови и несовршености во љубов и усовршување во радоста на Светиот Дух.

Оттаму Христовата жртва, започната со Неговото рождество по тело, и завршена со Неговото страдање на Голгота, ни укажува дека секој човек е достоен за љубов. Синот Божји, Господ Исус Христос, Се даде Себеси за сите да нè направи вечно живи. Затоа свети Иринеј Лионски истакнува дека „Славата Божја е – живиот човек“! А вистински жив човек е оној којшто пребива во љубовта Божја. Според тоа, треба да живееме според поуката на апостолот кој поучува: Љубете се едни со други срдечно, со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. Живеејќи така, ќе го стекнеме мирот одозгора и ќе ги почувствуваме во нас плодовите на Царството Божјо, а тоа се: праведност и мир и радост во Светиот Дух. Па, чувајќи го единството на Духот преку врските на мирот, да се трудиме да имаме мир во себе, мир во својот дом, мир со луѓето и мир меѓу народите, знаејќи дека за тој мир копнееле мирољубивите души низ целата историја.

Затоа, празнувањето на Божик нè поставува пред изборот како ќе одговориме пред Христа Богомладенецот: дали ќе го следиме примерот на исплашениот Ирод, што води во погибел; или оној на смирените и искрени мудреци и пастири, кои со радост Му се поклонија на новородениот Цар?

Па, нас ништо не нè принудува да наликуваме на Ирода! Напротив, бивајќи крстени во името Христово, можеме да ја следиме ѕвездата на нашата совест којашто нè води до Христа, та Нему да Му ги принесуваме нашите лични дарови и таланти. Правејќи го ова, се ослободуваме од духовната поробеност, со што ни се покажува друг пат, патот на Евангелието, патот на вистинската слобода во радосната заедница на Неговото вечно Царство.

Со овие пораки ви го честитаме празникот на Христовото рождество на сите чеда на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како во Татковината, така и насекаде по светот, поздравувајќи ве со радосниот поздрав:

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

Честито и од Бога благословено новото 2025-то лето Господово!

ShareTweetShare
Previous Post

Со Бадникова поворка и хуманитарен концерт децата на Струмица ја споделија радосната вест дека се роди Христос

Next Post

Христос се роди! Вистина се роди!

Related Posts

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј
Вести

Денеска се празнуваат светите браќа Кирил и Методиј

сабота, 24 мај, 2025 | 06:52
Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“
Вести

Во недела посебен режим на сообраќај во Струмица за време на трката „Сите за Кочани – Трчаме заедно“

петок, 23 мај, 2025 | 16:42
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Двајца струмичани тешко повредени откако со својот автомобил излетале од патот Градско – Прилеп

петок, 23 мај, 2025 | 14:32
Љубица Покрајчева од ВМРО-ДПМНЕ е нов советник во Советот на општина Струмица, таа доаѓа на местото на Тања Дедејска
Вести

Љубица Покрајчева од ВМРО-ДПМНЕ е нов советник во Советот на општина Струмица, таа доаѓа на местото на Тања Дедејска

петок, 23 мај, 2025 | 12:32
Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Вести

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани

петок, 23 мај, 2025 | 07:11
Вести

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица вчера со срамна реакција го потврди тоа што го обелоденивме – велат струмичките Социјалдемократи

четврток, 22 мај, 2025 | 14:37

ТОП ВЕСТИ

19-годишно момче пронајдено мртво во нива кај Струмица
Струмичанецот Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“
Католичката катедрала во Струмица слави 100 години од основањето – промовирана и Монографија

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

Во сабота во „Рекорд Паб“ – Хуманитарен настан за помош на настраданите од трагедијата во Кочани
Во четврток Промоција на „Разкази од Пирго“ – Монографски приказ на општина Ново Село
Денеска е Денот на пожарникарите – струмичките пожарникари ќе имаат симулациска вежба во училиштето „Никола Вапцаров“
Во сабота пазарите нема да работат поради празникот
Во Струмица ќе се отвора „Ротари клуб“ како дел од светската мрежа и ќе се собираат донации за набавка медицинска опрема за Педијатрија во струмичката болница

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist