недела, 19 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home ВЕСТИ од Македонија

Битиќи: Минималната плата во државата во март ќе се зголеми на над 20.000 денари, а пензионерите ќе добијат покачување на пензиите

вторник, 7 февруари, 2023 | 12:24
in ВЕСТИ од Македонија
Битиќи: Минималната плата во државата во март ќе се зголеми на над 20.000 денари, а пензионерите ќе добијат покачување на пензиите

Во месец март ќе има покачување на минималната плата, а паралелно со неа ќе има и усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата според Законот за административни службеници, нешто што не било направено во минатото, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во гостувањето на ТВ 24, каде одговараше на повеќе прашања од економијата.

Запрашан дали се завршени разговорите со сите засегнати страни во врска со најавата за покачувањето на минималната плата во март, вицепремиерот Битиќи изјави дека немало разговори, бидејќи решението за усогласување на другите плати со минималната плата во јавниот сектор е производ на системско решение.

„Системското решавање на проблемот е преку ставање на истиот во закон и законот укажува која е методологијата на усогласување на минималната плата ова значи дека нема повеќе разговори и уценувања.  Порано гледавме уценувања помеѓу синдикати, работодавачи и влада, и ова веќе е завршено“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека социјалниот дијалог ќе постои и во иднина и дека токму тој дијалог резултираше со изворедно решение кое ќе се применува за прв пат.

„Минатата година направивме измена на законот за минимална плата, утврдени критериуми според кои се усогласува минималната плата, и сега во март кога Државниот Завод за Статистика ќе излезе со податоците од минатата година, седнуваме на маса и велиме критериумот за пораст на просечната плата е толку, потоа го земаме коефициентот од 50% од пораст на просечната плата и го множиме со вториот коефициент и ќе објавиме дека од денес минималната плата е 20.200 денари“, објасни вицепремиерот Битиќи кој најави покачување и на пензиите токму како резултат на усогласувањето направено порано, и тука рече нема повеќе надавања и преговори меѓу синдикатите, работодавачите и Владата, оти системското решавање е убавината на овој процес.

ShareTweetShare
Previous Post

IN MEMORIAM: Почина маестро Милан Завков

Next Post

Тимот од струмички пожарникари-спасители тргнаа на помош во Турција

Related Posts

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
На 2 август Одделот за граѓански работи во СВР Струмица ќе работи од 08:00 до 12:00 часот за издавање на готови лични документи на граѓаните
Вести

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

петок, 4 јули, 2025 | 20:27
МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама во меѓународни рамки
Вести

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

петок, 4 јули, 2025 | 17:38
Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила
Вести

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

понеделник, 30 јуни, 2025 | 10:18
Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+
ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

вторник, 29 април, 2025 | 13:11
Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата
Вести

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

понеделник, 21 април, 2025 | 13:56

ТОП ВЕСТИ

Грешка испечатени редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче во oпштина Ново Село – материјалот е повлечен
Народниот правобранител отвори телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право
Утре гласаат болните и изнемоштени лица – 1308 пријавени во струмичкиот регион

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Исправена е печатната грешка во гласачките ливчиња во општина Ново Село

Грешка испечатени редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче во oпштина Ново Село – материјалот е повлечен

Даскаловски со благодарност до струмичани за сè што е направено заедно и за тоа што повторно ќе се пише новата победничка страница на Струмица

Петар Јанков ги повика струмичани на 19 Октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, за огромна победа во Струмица

Народниот правобранител отвори телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist