Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради настанат дефект на водоводната мрежа во моментот без вода за пиење се корисниците од улиците „Коста Бозов“, „Браќа Миладинови“, „Жртви на фашизмот“ и „24-ти Октомври“ во градот Струмица.
Од комуналното претпријатие велат дека екипи се на терен и работат на остранување на дефектот, а нормализирање на водоснабдувањето се очекува денеска (вторник) до 13:00 часот.