Вчера пред 13 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „Фолксваген Поло“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во струмичката болница. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т. (49) од село Добрашинци, општина Василево. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.