Македонија и Ерменија ќе одиграат пријателски натпревар во Струмица на стадионот „Благој Истатов“, објави Фудбалската Федерација на Македонија.
Контролната пресметка меѓу двете селекции е закажана на 17 октомври со почеток во 15:00 часот.
Последниот натпревар против Ерменија го одигравме на 11.ноември 2021 година во квалификаците за СП 2022. Во Ереван, репрезентацијата на Благоја Милевски славеше со убедливи 5:0.
Македонија и Ерменија досега имаат одиграно вкупно 12 натпревари. Нашата селекција има 5 победи, на три натпревари немаше победник, Ерменија славеше три пати. Последен пат, противникот се радуваше на триумф во Никозија во натпревар за првото место во групата од Лига на нации.