петок, 7 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Асоцијацијата за посебни текови на отпад во Струмица организираше дводневна работилница за размена на искуства и предизвици од имплементација на законите

среда, 31 мај, 2023 | 18:53
in Вести, Струмица

Размена на искуства и предизвици од имплементацијата на законите за посебни текови и управување со отпад, како и законот за проширена одговорност на производителот се главна тема на работилницата што во организација на Асоцијацијата за посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија, се одржува вчера и денеска во хотелот „Сириус“ во Струмица.

„Сметам дека преку воспоставување на добра и отворена комуникација, размена на искуства и предизвици со кои се соочуваат сите чинители во процесот со управување со отпад во спроведувањето на законите од областа и проширената одговорност на производителите ќе си помогнеме едни на други во поуспешна имплементација на законите и исполнување на националните цели за собирање на отпад“ – истакна министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во своето обраќање. Таа потенцираше дека Министерството има издржани планови и политики поткрепени со силен сет на еколошки регулативи во кои е предвидено преземање на акција во секоја фаза од производството и потрошувачката, но потребна е силна општествена одговорност и на производителите и на потрошувачите, промена на целокупниот концепт и пристап во областа при што ќе зборуваме за управување со ресурси, а не со отпад или ѓубре, но и усогласување и обезбедување на услови за секоја и најмала општина за селекција, собирање и рециклирање на отпадот.

На настанот се обрати и Филип Иванов претседател на Асоцијацијата, кој што истакна дека ваквата соработка и усогласување меѓу различните актери во системот на управување со отпад е многу важна. Секој треба да биде одговорен во извршување на обврските, како производителите, така и потрошувачите доколку сакаме да се справиме со отпадот.

Според податоците од над 70.000 регистрирани компании само 1600 плаќаат надоместок за отпадот што го создаваат при производство на производите што ги пласираат на пазарот. Договорена е заедничка и координирана работа на Министерството, инспекциските служби, Царинската управа и Управа за јавни приходи за да се надминат аномалиите во функционирањето на системот во кој доколку секој ја исполнува својата обврската ќе се поттикне развојот на пазарните услови за работа од што сите ќе имаме бенефит и секако чиста животна средина.

На настанот присуствуваа деловните субјекти од дејноста, надлежните владини институции за воспоставување законска регулатива, инспекциските служби кои имаат обврска да ја следат примената на регулативата и локалните самоуправи кои се обврзани да ја имплементираат истата. Организатор на работилницата е Асоцијацијата за посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија.

ShareTweetShare
Previous Post

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал во посета на Струмица

Next Post

Екипата на III година – Гимназиско најдобри кошаркари на првиот турнир на СОУ „Јане Сандански“

Related Posts

Општина Струмица објави Конкурс за доделување на Годишна награда и за животно дело „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”
Вести

Општина Струмица објави Конкурс за доделување на Годишна награда и за животно дело „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

четврток, 6 ноември, 2025 | 13:47
Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“
Вести

Од 6 до 9 ноември во Струмица ќе се одржи 8-от Mеѓународен симпозиум по археологија на тема „Теракота и грнчарија – Од Енкиду до зграфито“

вторник, 4 ноември, 2025 | 10:06
Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Вести

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај

понеделник, 3 ноември, 2025 | 21:19
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Вести

Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург

понеделник, 3 ноември, 2025 | 09:18
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик
Вести

Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

недела, 2 ноември, 2025 | 19:46
Во прекин патниот правец Струмица – Валандово на Валандовско брдо
Вести

Уште една жртва во сообраќајка во струмичко – загина 63-годишен возач на мопед

недела, 2 ноември, 2025 | 13:19

ТОП ВЕСТИ

Кристина Зимбакова – единствената македонска уметница на Светското биенале за хартиена уметност во Шангај
Д-р Тони Балџиев од струмичката болница беше дел од обуките на престижниот IRCAD тренинг центар во Стразбург
Саат кулата на струмичкиот плоштад ќе добие нов лик – Александар Филев прави мозаик

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist