недела, 14 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak

Lokalizacja językowa nowych slotów

W 2025 roku ponad 70% nowych slotów dostępnych Vulcan Vegas jak wyplacic w polskich kasynach posiada pełne tłumaczenie na język polski, w tym opisy funkcji, ekran pomocy i komunikaty o wygranych; jeszcze 5 lat temu było to około 30–40% premier.

Monero i inne koiny prywatnościowe

Kryptowaluty z naciskiem na prywatność, jak Monero (XMR), są wspierane przez mniejszość kasyn online; szacuje się, że poniżej 10–15% serwisów kierowanych Beep Beep bonuscode na Europę, w tym Polskę, akceptuje XMR ze względu na ryzyko AML.

Wpływ darmowych spinów na retencję

Kampanie free spins wokół nowych Bison bonus kod slotów sprawiają, że gracze wracają do danego tytułu nawet 2–3 razy częściej w kolejnych tygodniach; różnica w retencji między slotem z promocją i bez promocji bywa dwukrotna.

RTP blackjacka w polskich kasynach

Standardowy blackjack online przy podstawowej strategii zapewnia RTP na poziomie 99,3–99,6%, a stoły w kasyno Bet należą do najkorzystniejszych matematycznie gier w całym katalogu.

Popularność pokera kasynowego

Poker kasynowy – Caribbean, Casino Hold’em czy Three Card – generuje w Polsce około 5–7% ruchu gier stołowych, a różne odmiany dostępne są także na prawdziwe stawki w Ice kasyno.

Wzrost roli wewnętrznych polityk compliance

Operatorzy iGaming opracowują coraz bardziej rozbudowane polityki wewnętrzne: AML, Responsible GG Bet wyplaty Gaming, KYC, IT Security; dokumenty te są regularnie aktualizowane w reakcji na nowe wytyczne MF, EBA i FATF.

Od wejścia w życie nowelizacji ustawy hazardowej w 2017 roku liczba legalnych operatorów online systematycznie rośnie, a kasyna w stylu Lemon muszą spełniać rygorystyczne wymagania dotyczące ochrony danych, weryfikacji wieku i limitów odpowiedzialnej gry.

3
Home Вести

Архиепископот г.г. Стефан со Велигденска порака: Да ги зацврстиме единството и слогата

сабота, 4 мај, 2024 | 23:13
in Вести, ТОП ВЕСТИ
Архиепископот г.г. Стефан со Велигденска порака: Да ги зацврстиме единството и слогата

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење! Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, пишува архиепископот г.г. Стефан во годинашното Велигденско послание.

„Господ Исус Христос, со Своето воскресение од мртвите, ни го осмисли нашиот живот, и не само овој – земниот, туку и небесниот, односно ни го дари вечниот живот во Неговото Царство. Токму преку Христовото воскресение се одгатнаа сите загатки со коишто, уште од паѓањето во грев, се соочуваше немоќното и безутешно човештво, а коишто завршуваа со суровоста на смртта. Ете, токму преку тоа Чудо над чудата, ние, луѓето, од смртни станавме бесмртни[2] и ни беше овозможено трајно да се ослободиме од прангите на смртта и да се упатиме кон Оној Kojшто и самиот е Живот[3] – кон Христа Животодавецот.

Возљубени сорадосници во Христа воскреснатиот,

Радоста, којашто извира од тајната на Христовото воскресение и којашто, еве, сите ние, како христијани, ја сведочиме повеќе од две илјади лета, е неизмерна. Но, оваа неискажлива и преславна радост[4] не треба да биде минливо чувство, коешто ќе нѐ обземе само во овие празнични дни, туку, напротив, треба да ни постане начин на живеење и на постоење.

Впрочем, и самото христијанство е вера на радоста! Ако не постои радост, тогаш не постои ни вистинско христијанство; ако немаме радост во нас и помеѓу нас, тогаш не сме ни вистински христијани, ни вистински учесници во Христовото воскресение, ниту, пак, вистински следбеници на Христа.

Според тоа, доколку сакаме да бидеме доследни подражатели на Христа и да врвиме по Неговите стапки, тогаш ќе мора да си ги земеме врз себе нашите животни крстови и, минувајќи низ сопствените голготи, истите да ги поднесеме докрај, и тоа со радост. Само на тој начин, во нашите души – и покрај сите животни премрежја, искушенија и предизвици – ќе ја почувствуваме бескрајната радост од Неговото воскресение и ќе заживееме со несфатливата и непреодна радост на вечниот живот.

Возљубени чеда во Господа,

Тајната на Христовото воскресение најмногу се открива во дарот на простувањето. Та, можно ли е вистински да го празнуваме Велигден – Празникот над празниците – ако не простуваме и ако не бараме да ни простат!? Можно ли е да водиме христијански живот и да се нарекуваме христијани ако во нашите срца се вгнездени злопамтивоста и одмаздољубивоста или, пак, ако во нашите души се всадени гневот и лутината!? Тоа е – невозможно! Да се живее вистински христијански живот – живот според Евангелието – значи да се постане обновен човек во Христа[5] и да се чекори по патот на богољубието и човекољубието – по патот којшто води кон Царството небесно.

Затоа, што е можно поскоро, да се угледаме кон сите оние коишто низ вековите Го возљубија Бога, а го возљубија и својот ближен, да се угледаме на нивниот богоугоден живот, во којшто особено се истакнува подвигот на човекољубието и на простувањето, па – со силата на Христовото воскресение – и сите ние, коишто се именуваме со Неговото име, да го возљубиме својот ближен и секому сѐ да простиме[6] за, на тој начин, да станеме наследници на вечниот живот[7].

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Доколку се обѕрнеме во нашето историско раздобје, ќе воочиме огромни подеми и падови, како на црковен, така и на национален план. Впрочем, македонскиот народ, со Божја помош и поткрепа, успевал и сѐ уште успева достоинствено да ги извојува сите битки и да им одолее на сите непријателски настроенија, исполнети со лукави намери и со зли цели; и, притоа, со крената глава да продолжи по патот кон Бога – кон Изворот на добрините и на правдата.

Та, кој ќе се осмели да нѐ оспори како македонски народ и како македонска држава!? Со кое право некои сѐ уште се обидуваат да ни ги одрекуваат историјата и традицијата, јазикот и верата, кога сета македонска почва е напоена со просветителските дејанија на македонските црковно-просветни дејци, со истрајноста на сите наши родобранители, со крвта на недобројните наши маченици и со благоверието на мноштвото исповедници и поборници за зачувување на Православието на ова свето македонско тло!? Но, како што не потклекнаа нашите прадедовци, така и ние – како нивни потомци и како доследни пазители на аманетот доверен од нив – да не дозволиме отстапки пред оние коишто постојано посегнуваат по нашето најсвето; пред оние коишто гледаат да го зграбат она коешто со векови макотрпно е градено и коешто е сочувано до денешни дни. Наша должност и обврска треба да ни биде да им се спротивставуваме на сите оние коишто на секаков начин се трудат да ни го одземат она за коешто се дадени многу жртви и коишто се желни да ни ги приграбат: и историјата, и земјата, и културата, и јазикот и сѐ што е наше – македонско.

Затоа, што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ, и молитвено да притекнеме кон Бога и кон закрилникот на нашата најсвета автокефална Охридска и Македонска Црква – кон светиот Климент Охридски, та, по примерот на нашите предци, да се избориме со сите неприлики со коишто катадневно се соочуваме. Но, сето ова ќе го постигнеме само ако си ги зацврстиме единството, слогата и сплотеноста, односно само ако трајно ги надминеме внатрешните разногласија и меѓусебните поделби и несогласувања.

Возљубени родољупци,

Ова лето Господово достојно ќе одбележиме и повеќе годишнини, коишто се изнедрени од пазувите на нашето богато и славно минато. Меѓу нив, најпрво ќе си припомниме за Беласичката битка, од 1014-тата, којашто, всушност, е неделиво поврзана со градењето и со запазувањето на нашата долговековна историска посебност, а ќе се присетиме и на бележитите одлуки од Првото заседание на АСНОМ, одржано во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, во 1944година. Исто така, ќе ги прославиме и 860-годишното постоење на велелепниот манастир „Свети великомаченик Пантелејмон“ во Нерези, Скопско, како и 100-годишнината од замонашувањето на возобновителот на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква – блаженоупокоениот Архиепископ Доситеј.

Еве, токму овие незаборавни настани нека ни бидат силен поттик за обнова на нашата црковно-национална самосвест, а истовремено нека ни бидат и постојани потсетници за она за коешто се бореле многу наши поколенија, а за коешто останува и ние да продолжиме да ги чуваме – нашата Татковина Македонија и нашата Македонска Црква.

Нека незаодната светлина од празникот на Христовото воскресение – Велигден, ни биде нераскинлива нишка којашто ќе нѐ поврзе сите Македонци – и овде, во Татковината, и насекаде каде што нашинците се иселени по светот – во единството на троедната љубов: во богољубието, братољубието и родољубието, та едногласно да воскликнеме пред сиот свет: Христос воскресе!“ – се вели во Велигденската порака на Архиепископот Охридски Македонски, г.г. Стефан.

ShareTweetShare
Previous Post

На 10 мај по 14-ти пат Фестивал на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“

Next Post

Веста за Христовото воскресение на полноќ во Струмица ја соопшти Епископот Јаков

Related Posts

Дијаконија – Мис Стон Центар добитник на признанието „Вељо Манчевски“ за хуманитарна служба
Вести

Дијаконија – Мис Стон Центар добитник на признанието „Вељо Манчевски“ за хуманитарна служба

петок, 12 декември, 2025 | 21:34
Во Колешино поставен камен-темелник на нова училишна спортска сала со средства преку унгарскиот кредит
Вести

Во Колешино поставен камен-темелник на нова училишна спортска сала со средства преку унгарскиот кредит

петок, 12 декември, 2025 | 20:04
Свечена седница во Ново Село по повод 29 години од постоењето на Општината
Вести

Свечена седница во Ново Село по повод 29 години од постоењето на Општината

петок, 12 декември, 2025 | 17:31
Кривични пријави против седум струмичани за загрозување на животната средина со отпад
Вести

Кривични пријави против седум струмичани за загрозување на животната средина со отпад

петок, 12 декември, 2025 | 13:34
Општина Струмица појаснува: Надзорот над субјекти со А-интегрирана еколошка дозвола е во надлежност на Министерството за животна средина
Вести

Општина Струмица појаснува: Надзорот над субјекти со А-интегрирана еколошка дозвола е во надлежност на Министерството за животна средина

петок, 12 декември, 2025 | 13:13
Протојереј отец Гоце Костов добитник на признанието „Вељо Манчевски“
Вести

Протојереј отец Гоце Костов добитник на признанието „Вељо Манчевски“

петок, 12 декември, 2025 | 12:51

ТОП ВЕСТИ

Утрово се одржа Света архијерејска литургија во чест на патрониот празник на Струмица на која началствуваше Архиепископот г.г. Стефан
Браќата Миле и Георги Барбаровски добитници на Наградата за животно дело на Општина Струмица
Празнична вечерна богослужба во манастирот на Светите Петнаесет во пресрет на патрониот празник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево СЕ ПРОДАВА ГРАДЕЖНА ПАРЦЕЛА на актрактивна локација покрај регионалниот пат Струмица – Василево
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица
„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist