петок, 4 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Археологот Зоран Рујак ја постави изложбата „Материјалната култура на праисториските заедници во Струмичко-радовишкиот регион“

среда, 28 декември, 2022 | 21:37
in Вести, Струмица
Археологот Зоран Рујак ја постави изложбата „Материјалната култура на праисториските заедници во Струмичко-радовишкиот регион“
Археологот Зоран Рујак ја постави изложбата „Материјалната култура на праисториските заедници во Струмичко-радовишкиот регион“
Археологот Зоран Рујак ја постави изложбата „Материјалната култура на праисториските заедници во Струмичко-радовишкиот регион“
Археологот Зоран Рујак ја постави изложбата „Материјалната култура на праисториските заедници во Струмичко-радовишкиот регион“
Археологот Зоран Рујак ја постави изложбата „Материјалната култура на праисториските заедници во Струмичко-радовишкиот регион“

Од денеска во изложбениот салон на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица поставена е археолошка изложба на археологот Зоран Рујак, вработен во ова установа – „Материјалната култура на праисториските заедници во Струмичко-радовишкиот регион“.

Откриените артефакти, кои им припаѓале на праисториските заедници, кои живееле на територијата на Струмичко-радовишкиот регион, на светлината на денот ги изнесoa сите тајни на една материјална, но и духовна култура од пред повеќе милениуми. Според археологот Зоран Рујак, долгогодишните археолошки истражувања во овој регион, кои започнале во втората половина на 80-тите години од минатиот век, меѓу другото дадоа почетна основа за разбирање на процесите на создавањето на праисторски заедници кои се развивале од раниот неолит до полното железно време во една затворена микро целина.

„Преку повеќе локалитети се илустрира животот во праисторијата. Имено, тука се, пред сè, локалитетите Орниче, Костурино и Канли Чаир, Дамјан. И на двата локалитета се истражувани населби кои припаѓаат на раниот неолит, потоа овде ќе ги споменеме локалитетите Ангелци, Бојковци, Тополничка Река и Голема трпеза од периодот на доцниот неолит. Посебно е интересен повеќеслојниот локалитет Цареви Кули – Струмица, каде што беше истражувана населба од раниот халколит. На истиот локалитет е истражувана и населба од раното и средното бронзено време, а се појавуваат и траги од раното железно време. Бронзеното време беше опсервирано и на локалитетот Тополничка Река каде што населбата била поврзана со тајните на металуршките процеси. Раното железно време беше документирано на локалитетот Тополничка Река, додека полното железно време досега не е истражувано во споменатиот регион. Единствените наоди се пронајдени случајно, со градежни активности, од коритото на Штучка Река. Постојат повеќе локалитети кои досега не се истражувани. Само оваа година беа детектирани уште неколку нови во Струмичко-радовишкиот басен“, кажа Рујак на отворањето на изложбата.

Овој проект НУ „Завод и Музеј“ Струмица го реализираше заедно со НУ „Завод и Музеј“ Штип и Археолошки музеј во Скопје. Покрај авторот на изложбата, м-р Зоран Рујак во реализацијата на овој проект учествуваа и други археолози кои долги години го истражуваат светот на праисторијата, како што се: м-р Елена Стојанова-Канзурова, д-р Митко Штерјов, д-р Трајче Нацев, Игор Толевски и Оливер Бојаџиев.

ShareTweetShare
Previous Post

БЕНЗОИЛ: Димитар Божинов е добитникот на главната награда автомобил „VOLKSWAGEN POLO“

Next Post

Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
Вести

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски

среда, 2 јули, 2025 | 22:38
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица
Босилово

Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево

среда, 2 јули, 2025 | 21:27
Даскаловски одржа прес конференција по обвинувањата кон него дека не дозволувал да се вршат измени во Програмата за еднакви можности на мажите и жените
Вести

Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица

среда, 2 јули, 2025 | 20:42
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Василево

Сообраќајка на патот Радовиш – Струмица, возачот се здобил со тешки телесни повреди

среда, 2 јули, 2025 | 13:09
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер
Вести

Струмичанец пронајден мртов на паркинг во Скопје

вторник, 1 јули, 2025 | 17:12
Во вчерашната полициска акција запленети 100 килограми марихуана
Вести

СВР Струмица за вчерашната полициска акција

вторник, 1 јули, 2025 | 15:56

ТОП ВЕСТИ

Мариче Кармазичева и Ванчо Новоселски – кандидати за градоначалници на Босилово и Василево
Марјан Даскаловски – кандидат за градоначалник на Струмица
Во полициска акција кај автобуската во Струмица фатени тројца луѓе со дрога – судир на повеќе возила на раскрсницата

ВЕБ БИЛБОРД

Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

НАЈАВА

ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост
Во Струмица на 13 и 14 јуни PopUp Базар – четврто издание
На 9-ти јуни во Струмица – Хуманитарен настан за настраданите во Кочани

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist