вторник, 16 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

„Апартман 313“ – втор роман на Рената Атанасова промовиран пред струмичката публика

недела, 1 декември, 2024 | 08:12
in Вести, Струмица
„Апартман 313“ – втор роман на Рената Атанасова промовиран пред струмичката публика

Студентката на медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, струмичанката Рената Атанасова синоќа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица го промовираше својот втор роман насловен „Апартман 313“.

„Апартман 313 е криминалистички роман со повеќе навидум неповрзани дејства кои со текот на приказната се сплотуваат во една целина. Станува збор за дело чиј процес на обработка траел неколку години, зашто потребите налагале обемни истражувања. Со оглед на тоа дека главна дестинација во самиот роман е Психијатриска клиника, авторката била во посета на неколку Психијатриски установи во Македонија на консултации, сè со цел појасно да ги визуелизира и ликовите, но и нивните карактери и растројства.

Уредничката на оваа издание, Гонца Запрова Анастасова од ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“, која установа се јавува како издавач на романот, вели дека „Апартман 313“ е резултат на повеќегодишното размислување, пишување и истражување на авторката Рената Атанасова која го обложува не само својот талент, туку и искрената посветеност во оваа работа, јасно отсликувајќи ги границите на нејзината имагинација.

„Рената создава свет полн со неверојатни пресврти, сложени ликови и теми, кои до последната страница будно ќе ви го задржат вниманието“ – кажа Запрова Анастасова.

Ана Глигорова Милева, рецензент на „Апартман 313“ вели дека во романот љубовта е дадена како болка. Посакување, страст, која на момент личи на онаа вистинската и долго очекувана љубов, а во следниот да се вкрстат тие чуства како огледало кое ни дава лажна и искривена слика.

„Рената нашиот главен лик бара нешто подлабоко, бара заштита во љубовта, бара партнер, другар со кој ќе изградат свој сопствен омеген простор каде можат да избегат од суровата реалност“ – кажа Глигорова Милева потенцирајќи дека „Апартман 313“ е неверојатна приказна која ќе ве остави будни цела ноќ.

„Апартман 313“ е соба, онаа место во мојата душа, во вашата душа, верувам и во сечија душа, онаа место кога ќе се затвориме, кога на видело ќе излезат, кога ќе дојде се пред нас, сите тие нешта, сите тие ситуации, кога не сме биле фер, пред се кон самите себе, кон оние коишто ги сакаме. Кога на едно место ќе се соберат сите тие обвинувања, сите тие непријатни чуства коишто ги имаме во себе, кога ќе седнеме и кога реално, искрено ќе поразговараме самите со себе и ќе бидеме реални кон сите наши грешки, кон сите наши недостатоци. Тоа е всушност „Апартман 313“, тоа е местото коешто е излив на сите тие непријатни емоции, тоа е местото, како што знам да кажам јас, во најтемните одаи од нашата душа“ – кажа на промоцијата авторката Рената Атанасова.

Издавањето на романот „Апартман 313“ од Рената Атанасова финсиски е поддржано од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, Општина Струмица и Општина Босилово.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Примадоната на Струмичкиот театар Тинка Ристеска сé уште е на сцената – колегите и дадоа Плакета 55 години актерска дејност

Next Post

Тројца наставници и директорката на струмичкото музичко училиште најдобри на Конференција на наставници во Хрватска

Related Posts

Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist