понеделник, 14 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Антонио Митрикески – лауреат на наградата „АСТЕР“

понеделник, 22 јули, 2024 | 08:24
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Антонио Митрикески – лауреат на наградата „АСТЕР“

Лауреат на наградата „Астер“ на овогодишниот 19-ти „Астерфест“ е македонскиот режисер и сценарист Антонио Митрикески.

Исклучителната филмска поетика и естетски вдахновениот и минуциозен филмски опус на Антонио Митрикески заземаат посебно место во македонската, балканската и европската кинематографија. Покрај Милчо Манчевски и Митко Панов, Митрикески е еден од најизразитите македонски претставници на генерацијата филмски автори кои започнаа да го градат својот опус и постигнаа видни успеси веднаш по осамостојувањето на Македонија.

Наградата на Митрикески ќе му биде доделена на отворањето на „Астерфест“, на 1 август, во 20:30 часот, во Амфитеатарот во Струмица, а статуетката за наградата „Астер“ специјално ја изработи македонскиот уметник Никола Пијанманов.

„Оваа награда, да бидам лауреат на годинашново издание на „Астерфест“, за мене е привилегија поради фактот дека нејзини носители се значајни имиња од светот на филмот, и македонскиот и светскиот. Оваа награда воедно ја споделувам со сите филмски работници со кои имам работено, кои се еднакво заслужни за оживување на моите краткометражни и играни филмови. Сакам да му се заблагодарам на основачот и претседателот на фестивалот господинот Горан Тренчовски, за ентузијазмот и посветеноста благодарение на кои со својата екипа успеа да го одржи и да го позиционира овој филмски фестивал на пошироката балканска и европска филмска сцена. Од моето лично искуство сакам да кажам дека патот за реализирање на едно филмско дело е комплексен, полн со премрежја низ кој проаѓа еден режисер, филмски автор, но интересно е тоа дека токму таа неизвесност ја дава најголемата мотивација да се изработи филмот најдобро што се може, да се даде сѐ од себе. Како педагог сум сведок на успесите на младите режисери, затоа треба на идните генерации да им се овозможи полесно да дебитираат и да се оценуваат само нивните уметнички вредности, а политиката да нема никакво влијание. Само на таков начин ќе ги задржиме младите и успешните во Македонија“ – изјави Митрикески.

На 2 август, во хотел „Горан Пандев“, во 11 часот, ќе се одржи традиционалниот „Астер портрет“ (Тивериополска филмска беседа) за Митрикески, на кој ќе зборува критичарот Стојан Синадинов.

Претходни лауреати на престижната меѓународна награда „Астер“ биле авторите: Бранко Гапо, Карољ Вичек, Лордан Зафрановиќ, Рангел В’лчанов, Боро Драшковиќ, Мигел Ермосо, Лаила Пакалнина, Тимоти Бајфорд, Владимир Блажевски, Карпо Година, Киро Урдин, Борис Геретс, Вајт Хелмер, Коле Ангеловски, Ким Лонгиното, Пиро Милкани, Јан Качер, Желимир Жилник…

Сите филмови на Митрикески се прикажувани на поранешните изданија на „Астерфест“. За оваа пригода, на 4 август вечерта, во Амфитеатарот во Струмица, во соработка со Кинотеката на Македонија, за струмичката публика ќе има специјална проекција на долгометражниот игран филм „Преку езерото“ на Митрикески, според сценарио на Ташко Георгиевски и Митрикески, со Никола Ристановски и Агњешка Вагнер во главните улоги. „Преку езерото“ е филм во кој Константин мечтае по Елена, која е од другата страна на езерото, и се решава на неизвесна авантура, за пат преку езерото во кајче – за да стигне до неа.

Антонио Митрикески е роден во 1961 година во Скопје. Дипломира на Државната школа за театар, филм и телевизија во Лоѓ, Полска, на Отсекот за филмска и ТВ-режија, во 1987 година. За време на студиите реализира четири кусометражни филма, и тоа: „Двобој“, „Ден“, „Време“ и „Ехо“. Автор е на две телевизиски драми, „Има ли таму некој“, според Вилијам Саројан, и „Џамбазот и крчмарката“, според сопствено сценарио. Во селекција на Државната висока школа учествува и на повеќе меѓународни филмски фестивали: Оберхаузен, Минхен, Краков, Карлови Вари и др. За филмовите „Ден“ и „Двобој“ добива специјални дипломи и награда на градот Лоѓ. Во 1991 г. го реализира документарниот филм „Љубовта на Кочо Топенчаров“, за кој е награден со Златен медал за дебитантски филм на Мартовскиот фестивал за документарен филм во Белград. Во 1997 г. го реализира долгометражниот филм „Преку езерото“ во македонско-полска копродукција. Филмот премиерно беше прикажан на Фестивалот во Монтреал, доби награда од публиката на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ – Битола во 1997 година, а исто така, учествуваше на голем број фестивали и е продаден на голем број телевизии во светот. Во 2003 г. го снима долгометражниот игран филм „Како лош сон“ во македонско-хрватско-англиска копродукција. Филмот светската премиера ја доживеа на дваесет и седмиот Mонтреалски светски филмски фестивал. Беше прикажан во официјална конкуренција и доби признание од фестивалот. Во 2011/12 г. реализира седум документарни филмa на тема „Национална борба за ослободување на Македонија“. Во 2013 г. реализира единаесет документарни филма од историјата на Македонија. Во 2014 г. го снима долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ во македонско-српска копродукција. Светската премиера се одржа на 24 септември, во Лондон, во официјална селекција на Филмскиот фестивал „Реинденс“. За истиот филм на Македонскиот филмски фестивал во Торонто го добива Златниот медал за најдобар игран филм, а на Филмскиот фестивал во Сиднеј, „Денови на македонскиот филм“, ја добива Наградата за најдобар режисер. Во 2015/16 г. реализира четири документарни филма за градот Битола.

Филмовите на Антонио Митрикески учествуваа на голем број филмски фестивали во Европа, Америка, Азија, Австралија и Африка. Добитник е на повеќе престижни филмски награди. Бил член на жирија на многу значајни меѓународни филмски фестивали. Исто така, одржал работилници за филмска режија во Сиднеј, Белград, Лоѓ, Битола, Бари и др. Во 2006 г. ја издава збирката поезија „Патување“, во 2009 г. збирката поезија „Траги“, а најновата насловена „Простори“ ја издаде оваа година. Основач е на приватното претпријатие за производство на филмови „Хоризон филм“. Во 2012/13 г. ја извршува функцијата претседател на Управниот одбор на „Вардар филм“. Во 2014/15 година е претседател на Управниот одбор на Здружението на филмски режисери во Македонија. Докторира во 2010 г., со докторската дисертација „Теорија и практика на документарниот филм“. Во 2013 г. на истата тема објавува книга-учебник. Работи како професор по предметот Филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

19-от „Астерфест“ во Струмица започнува на 1 август (четврток) во Амфитеатарот, во 20:30 часот, и тој годинава ќе се одвива под мотото „Кинореалност ’24“.

Покровител на фестивалот е Општина Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Синоќа во Радовиш пет млади струмичани приведени во полициска станица, кај нив во автомобил пронајдена марихуана

Next Post

„РАЗНОПРОМЕТ АС“ слави 30 години – почнува роденденската недела со попуст на се што се продава таму

Related Posts

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Вести

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“

понеделник, 14 јули, 2025 | 17:45
Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Двајца млади струмичани превезувале 11 миграни од Египет – полицијата ги фати кај неготинско

понеделник, 14 јули, 2025 | 15:36
Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:42
Избувна пожар во стан во Струмица
Вести

Избувна пожар во стан во Струмица

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:31
Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 07:41
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Синоќа двајца млади прилепчани фатени со дрога од струмичката полиција

недела, 13 јули, 2025 | 12:03

ТОП ВЕСТИ

Од утре стартува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал 2025“
Избувна пожар во стан во Струмица
Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist