„Градоначалникот на општина Струмица денеска беше домаќин на Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во РСМ и голем пријател на Струмица“, соопштуваат од Општина Струмица.
На средбата во градоначалничкиот кабинет разговарале за годината којашто помина, за проектите коишто се реализирани и започнати, за соработката со европските фондови, но и за новите предизвици во годината којашто започна, како на локално така и на државно ниво.
„Градоначалникот му се заблагодари на евроамбасадорот Гир за почитта и поддршката којашто ја добива од него и го потврди ставот дека европската иднина е перспективата за општината и државата. Со посебно задоволство прошетаа и во Младинскиот центар во општинската зграда, кој е еден од омилените проекти на градоначалникот Костадинов реализирани во минатата година, а кој секојдневно си ја оправдува и потврдува својата намена“ – стои во соопштението од Општина Струмица.