Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска бил домаќин на амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте.
Струмичкиот градоначалник информираше дека со гостинката разговарале за повеќе актуелни теми.
„Средбата помина во мошне пријатна и пријателска атмосфера, а меѓу другото, имав чест да ја запознаам амбасадорката со карактеристиките и потенцијалите на Општина Струмица, како и за ангажманите што ги преземаме за нејзин континуиран развој“, објави на Фејсбук Костадинов.