недела, 14 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

„Алуминиумот не е за пиење!” – Протест на екологистите за изградбата на „Топилница за алуминиум“ во општина Ново Село

четврток, 4 јули, 2024 | 15:22
in Вести, Ново Село, ТОП ВЕСТИ
„Алуминиумот не е за пиење!” – Протест на екологистите за изградбата на „Топилница за алуминиум“ во општина Ново Село

„На загадувачите од Г1 тешка и загадувачка индустрија не им е местото во оваа рајска долина! Алуминиумот не е за пиење!”. Под овој слоган Невладината организација „Еко Долина“ денеска пред зградата на Општина Ново Село организираше протест за стопирање на изградбата, како што велат тие, на тешка загадувачка индустрија Г1, односно „Топилница за алуминиум“, која се гради на 80 метри од единствениот ископ за снабдување со вода за Ново Село. Освен тоа, тие реагираат и за неправилно издадена градежна дозвола за таа топилница, на земјиште со намена Г2 лесна незагадувачка индустрија, а објектот е во категоријата Г1, во подножјето на селото Смолари, зелениот бисер на Беласица, велат организаторите.

Тие бараат да се објават сите документи, особено технолошките, да се поништи градежната дозвола, да ѝ се одземат ингеренциите на Општина Ново Село за издавање градежни дозволи, да влезе државна ревизија и да ги прочешла целата општина и нејзиното работење и градоначалникот да поднесе итна и неотповиклива оставка. Велат дека се добредојдени сите, од сите политички партии, но без никакви политички симболи, знамиња, ознаки.

Организаторите добија поддршка од повеќе еколошки организации, од „Стига е“, а поддршка добија и од партијата Левица, од пратениците Сашко Јанчев и Реџеп Исмаил, кои присуствуваа на протестот заедно со активисти од локалните ограноци од овој регион.

„Отворањето на топилницата се спроведува на разбојнички начин! Се кријат документи, на објектот на градилиштето, спротивно на закон, не постои табла на која треба да стои кој е инвеститор, кој е изведувач и број на одобрение за градење, додека, пак, фирмите кои работат, од своите возила ги имаат извадено налепниците, за да не се знае кој ја прави изведбата“, велат од Левица.

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорги Божинов вчера на социјалните мрежи објави видео обраќање во кое вели дека општината постапува согласно законите и дека одобренијата се издадени од Министерството за животна средина и просторно планирање, од каде тврделе дека не станува збор за загадувачка индустрија.

Од „Еко Долина“ велат дека протестот денеска заврши, но борбата продолжува. „Со нашите активности нема да престанеме се додека не биде одземена градежната дозвола за топилницата и не си поднесе неотповиклива оставка недостојниот градоначалник“, додаваат од „Еко Долина“.

ShareTweetShare
Previous Post

Утре (4 јули) протест против изградба на топилница во општина Ново Село

Next Post

Дејан Ефтимов продолжува да ја извршува функцијата началник на СВР Струмица

Related Posts

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21
ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist