Од МВР информацијата дека на 05.04.2024 година околу 18:20 часот на автопат Скопје – Штип, пред наплатната станица Преод, во движење настанал пожар на патничко возило „Фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(20) од Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.