Синоќа на полноќ на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица, патничко возило „Цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Н.(56) од Струмица, излетало надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Ж.А., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.