Изјави на Епископот Велички Сиониј од БПЦ и отец Јаков од МПЦ

Понеделник, 11 Декември 2017

Струмичани денеска им се поклонуваа на своите заштитници, Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.
Празникот посветен на Петнаесетте светители, кои го положиле животот за христијанската вера, беше одбележан со Света Божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф. На Литургијата молитвено и евхаристиско учество имаа Митрополитот Струмички Наум и за прв пат во Струмица како гостин на литургијата, пратеникот на патриархот на Бугарската православна црква Нофит, Епископот Велички Сиониј.
Тој на крајот од службата им се обрати на присутните верници и го прочита писмото со поздрави од врвот на Бугарската Православна црква, потенцирајќи дека петнаесетте светители се многу почитувани и во Бугарија.
На новинарско прашање околу актуеланата тема со писмото кое МПЦ-ОА го упати до бугарската православна црква, бугарскиот епископ изрази надеж дека многу брзо и тоа ќе биде решено.
За отец Јаков од Струмичката Епархија, присуството на бугарскиот епископ и поздравното писмото кое денеска беше упатено од нивната црква е многу значајно. Тој се надева дека МПЦ што побргу ќе стапи во канонско и ефхаристиско единство, бидејќи како што рече, тоа го очекува и БПЦ и е заедничка желба на двете страни.
„Писмото коешто е упатено и неговото обраќање е во духот на сестринска црква, а она што велиме мајка црква се однесува исклучиво во однос на останатите православни цркви и ако веќе го толкуваме поимот мајка црква, тоа е пред се акт на љубов отколку некаква позиција на власт“ - вели отец Јаков.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Струмичките советници домаќини на советниците од општината Петрич

Струмичките советници домаќини на советниците од општината П…

Дек 14, 2018 Вести

Членовите на Советот на општина Петрич, Бугарија, предводени од претседателот Ѓорги Тренчев, денеска беа во работна посета на Советот на општина Струм...

Се издава фризерски простор во Струмица

Се издава фризерски простор во Струмица

Дек 14, 2018 Веб Билборд

Се издава разработен фризерски простор во центарот на Струмица, кој работи заедно со козметички салон. Прифатлива цена за изнајмување. Подетални инфор...

Сликарите од „Пресек“ со новите дела пред струмичката публика

Сликарите од „Пресек“ со новите дела пред струмичката публик…

Дек 13, 2018 Вести

Во рамките на празнувањето по повод патрониот празник на Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, синоќа во Изложбениот салон на „З...

Асфалтирaни четири улици во градот со површина од 11.000 метри квадратни

Асфалтирaни четири улици во градот со површина од 11.000 мет…

Дек 13, 2018 Вести

Во изминатиот период се реализираа повеќе градежни зафати како во населените места така и во градот Струмица, а денеска заврши и реализацијата на еден...

Прекин на електричната енергија во реонот околу Брана Турија

Прекин на електричната енергија во реонот околу Брана Турија

Дек 13, 2018 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 14 декември), во периодот од 10:00 до 16:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски достапен и на YouTube

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски достапен и на Yo…

Дек 12, 2018 Магазин

Од вчера, македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски, филм инспириран од вистинит настан за петтемина струми...

Излезе од затвор поранешниот градоначалник на општина Ново Село

Излезе од затвор поранешниот градоначалник на општина Ново С…

Дек 12, 2018 Вести

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Боро Стојчев, наместо шест, издржа затворска казна од пет месеци. Тој денеска излезе од затворот во Ст...

Пред младите од југоистокот презентиран проектот Гаранција за млади

Пред младите од југоистокот презентиран проектот Гаранција з…

Дек 12, 2018 Вести

Во рамките на проектот „Младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Македонија“, спроведуван од CNVP Foundation, денеска во хотел...