По подолго време поп-пејачката Александра Јанева се врати на баладите. Новиот сингл со наслов „Се одбирам себе“ е емотивна љубовна приказна и второ по ред авторско дело на тандемот Јанева-Стојановски.
Аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Дел од екипата која работеше на проектот е и Јана Бурче, во улога на текстописец на баладата.
„Не верував дека „Се одбирам себе“ ќе стане втората кантавторска песна која ќе се најде на мојот деби албум, сè додека не го добив одличниот текст од Јана. На крај, целосната приказна позади песната одлично ја екранизираа моите соработници од „Pinestel“ продукција со кои одлично се познаваме“, раскажува Александра.
Видеото за песната е снимено на повеќе локации во Отешево и Преспа. Иако реткост, на овој видео-запис Александра се појавува во друштво на Андреј Пајмакоски од студиото „Models In“, а за нивниот изглед се погрижи познатата стилистка Милена Танаскоска.
Изминатиот период, Александра Јанева објавуваше песни на секои три-четири недели. „Се одбирам себе“ е третиот сингл во низа по неодамна објавените „Срце отвори“ и „Одговор“.
.
.
Јун 25, 2022 Вести
Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...
Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...
Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 24-ти Јуни) во периодот од 09:00 до 13:00 ќасот ќе има прекин на електричната енергија ...
Јун 23, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека на 21.06.2022 година околу 22:30 часот во Полициската станица Струмица, Ѓ.И.(41) од Струмица пријавила дека околу 19:20 ча...
Јун 23, 2022 Вести
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска на Манифестацијата „Инженерски прстен“ им го додели признанието на 12 најуспе...
Јун 23, 2022 Вести
Пред Споменикот на загинатите бранители Кољо Китанов и Атанас Јанев на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 21-годишнина од за...
Јун 23, 2022 Вести
Вчера околу 10:30 часот на локалниот пат од село Нова Маала кон село Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед без регистарски...
Јун 22, 2022 Вести
Жените припаднички на турската националност во Василево се информираа за специјализираните советувалишни услуги и можностите како жртвите на родово за...