Струмичани денеска им се поклонуваа на своите заштитници, Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.
Празникот посветен на Петнаесетте светители, кои го положиле животот за христијанската вера, беше одбележан со Света Божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски Јосиф. На Литургијата молитвено и евхаристиско учество имаа Митрополитот Струмички Наум и за прв пат во Струмица како гостин на литургијата, пратеникот на патриархот на Бугарската православна црква Нофит, Епископот Велички Сиониј.
Тој на крајот од службата им се обрати на присутните верници и го прочита писмото со поздрави од врвот на Бугарската Православна црква, потенцирајќи дека петнаесетте светители се многу почитувани и во Бугарија.
На новинарско прашање околу актуеланата тема со писмото кое МПЦ-ОА го упати до бугарската православна црква, бугарскиот епископ изрази надеж дека многу брзо и тоа ќе биде решено.
За отец Јаков од Струмичката Епархија, присуството на бугарскиот епископ и поздравното писмото кое денеска беше упатено од нивната црква е многу значајно. Тој се надева дека МПЦ што побргу ќе стапи во канонско и ефхаристиско единство, бидејќи како што рече, тоа го очекува и БПЦ и е заедничка желба на двете страни.
„Писмото коешто е упатено и неговото обраќање е во духот на сестринска црква, а она што велиме мајка црква се однесува исклучиво во однос на останатите православни цркви и ако веќе го толкуваме поимот мајка црква, тоа е пред се акт на љубов отколку некаква позиција на власт“ - вели отец Јаков.
.
.
Апр 10, 2021 Вести
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...
Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...
Апр 08, 2021 Вести
Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...
Апр 08, 2021 Вести
Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...
Апр 07, 2021 Вести
Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...
Апр 07, 2021 Вести
Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...
Апр 07, 2021 Вести
Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...
Апр 07, 2021 Вести
„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...