Силите во Советот на општина Василево изедначени, седницата прекината

Понеделник, 19 Февруари 2018

Поради заминување на породилно боледување на член на Советот на општина Василево од редовите на СДСМ, силите на двете политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се изедначија. СДСМ привремено го загуби мнозинството од 8 советници, односно сега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имат по седум советници.

Ваквата ситуација го прекина одржувањето на шестата седница на Советот на општина Василево уште при расправната на дневниот ред. Двете партии не можеа да се договорат околу дополнувањето на дневниот ред со нова точка.

СДСМ предложија дополнување на една точка, „престанок на мандат на член на Советот и верификување на мандат на член на Советот од редовите на Коалицијата на СДСМ“. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бараше да бидат две точки, а не една, како што беше предложено, односно најпрво да се констатира престанок на мандат на член на Советот, а потоа во друга точка да се верификува мандат на нов член на Советот. Но другата страна не го прифати овој предлог, па советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, по што немаше кворум да продолжи шестата седница. /Р.Ѓ./

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ДРНКА: На плацот на шумското во Струмица нема дрва, ама има старо железо и хаварисани возила

ДРНКА: На плацот на шумското во Струмица нема дрва, ама има …

Мар 25, 2019 Вести

Место со огревни дрва, складот на Шумското стопанство „Беласица“ во Струмица стана плац на старо железо и хаварисани моторни возила – пишува www.drnka...

„Комуналец“ продолжува со пролетната акција, викендот се садеа јавори

„Комуналец“ продолжува со пролетната акција, викендот се сад…

Мар 25, 2019 Вести

Викендот вработените во ЈПКД „Комуналец“ продолжија со пролетното разубавување на градот Струмица. Нови висококвалитетни листопадни садници Јавор беа...

„Џио Струмица“ го доби првиот тежок пораз

„Џио Струмица“ го доби првиот тежок пораз

Мар 24, 2019 Вести

Одбојкарите на Струмица по 14 победи оваа сезона денеска на гости во Кичево го добија првиот пораз од домаќините, одбојкарите на „Шутова“, со убедливи...

Модната ревија „Убави сме, свои сме“ на децата со попреченост и во Радовиш

Модната ревија „Убави сме, свои сме“ на децата со попреченос…

Мар 24, 2019 Вести

После Струмица и во Радовиш се одржа модната ревија на децата со попреченост „Убави сме, свои сме“, во организација на Здружението за помош и поддршка...

Протестен марш на млади од општината Босилово против отворањето рудник над Иловица

Протестен марш на млади од општината Босилово против отворањ…

Мар 24, 2019 Вести

Денеска во Босилово беше организиран протестен марш на младите од оваа општина, со поддршка на еко-здруженија од регионот. Тие ја испратија пораката ...

Иконата Богородица Брзопослушничка по дводневната литија низ улиците на Струмица вратена во „Свети Петнаесет“

Иконата Богородица Брзопослушничка по дводневната литија низ…

Мар 24, 2019 Вести

И денеска се одбележува двегодишнината од доаѓањето на чудотворната икона на Богородица Брзопослушничка во Струмица. По вчерашната литија низ улиците ...

Еуромакс: Лажни вести и говор на омраза не е граѓански активизам

Еуромакс: Лажни вести и говор на омраза не е граѓански актив…

Мар 24, 2019 Вести

Вклученост, навремено и точно информирање на сите засегнати страни за сите карактеристики и придобивки од идниот рудник се принципите според кои работ...

Денеска се чистеа дивите депонии во Банско, Муртино и Просениково

Денеска се чистеа дивите депонии во Банско, Муртино и Просен…

Мар 23, 2019 Вести

Продолжуваат акциите за чистење на комуналниот отпад во повеќе населени места на територијата на општина Струмица со конкретни теренски активности на ...