Испечатете ја страната

ВИДЕО: Отчет на градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов

Понеделник, 23 Февруари 2015

Градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, денеска на прес конференција даде отчет за 2014-та година

Градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, денеска на прес конференција во зградата на локалната самоуправа на општина Василево, даде отчет за 2014-та година, преку медиумите, до граѓаните на својата општина.


Интегрален текст од прес конференцијата:


Измина уште една година. Година во која ветените проекти беа наш приоритет. Подобрувањето на инфраструкурата, развојот на индустријата и воопшто подобрувањето на животот на сите наши граѓани, беше и ќе биде наша водилка и во наредниот период. Нашата грижа за сите Вас почнувајќи од најмалите, со изградбата на првата детска градинка им ја донесе „Првата Радост“ во општина Василево.


Подобрувањето на условите во образованието го почувствуваа скоро сите населени места и подрачни училишта. Со реконструкцијата на училиштата во Радичево и Чанаклија сите ученици го почувствуваа училиштето како свој топол дом. После изградбата на спортската сала изградени се и повеќе мултифункционални игралишта а во фаза на изградба се и игралиштето во Седларци, двојно тениско во Ангелци, а во текот на оваа година и Дукатино ќе добие свое спортско катче.


Патната инфраструктура континуирано се подобрува. Новите улици во наслените места Добрашинци, Радичево, улицата во т.н Варваричка маала во Градошорци, реконструираната улица од центарот до училиштето во Пиперево, како и локалните патишта Добрашинци – Висока Маала и Радичево – Дукатино, значат квалитет во патната инфраструктура – подобри патишта за сите корисници.


Ниту една надлежност на локалната самоуправа и ниту една област од општинското живеење, не е занемарена.


Изградбата на систем за одведување на отпадни води беше проект кој нашата општина почна да го работи со голем оптимизам. За само една година изградени се 21700 метри фекална канализација и 1700 метри атмосферска канализација. Проект за чија имплементација можат да позавидат и поголемите општини, а бенефитот веќе го почувствуваа граѓните од Ангелци и Пиперево, а во наредниот период истиот бенефит ќе го почувствуваат и граѓаните на Градошорци и Василево, бидејќи главниот колектор е веќе завршен.


И она за што општина Василево дава голем приоритет – развојот на индустријата. Индустриските зони во Василево се бренд за нашата општина. Голем број на стопанственици познати во својата дејност се веќе дел од општина Василево. Повеќе од 70 објекти веќе се изградени и функционираат. Околу 400 граѓани овде ја нашле својата егзистенција. Тоа е процес кој се одвива континуирано, а ние како локална самоуправа го поддржуваме.


Подобрувањето на условите за работа, овозможување на комунална и друг вид инфраструктура ќе биде наша заложба и во иднина. Препознавајќи ја нашата грижа за нив, добрата местоположба, ниските комуналии ќе направи и други заинтересирани бизнисмени да бидат купувачи на градежни парцели во новата индустриска зона во општина Василево. А за кратко време тие ќе бидат наш коректор за намалување на невработеноста, а секако и за откупот на земјоделските производи од нашите трудољубиви земјоделци.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градо…

Окт 21, 2021 Избори 2021

„Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот ...

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на средби со граѓаните за креирање на новиот Буџет

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 21, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов уште пред да стапи на функцијата градоначалник, заедно со новоизбраните советници...

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на „online“ нарачки

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на…

Окт 21, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од девојка со познавање англиски јазик на работна позиција примање на „online“ нарачки. Подетални информации и ...

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката гимназија „Јане Сандански“

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката…

Окт 21, 2021 Вести

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз денеска беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. По кратката средба со дире...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василево на средба со жителите на Добрашинци и Нова Маала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василев…

Окт 21, 2021 Избори 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со жители на Добрашинци и Нова Маала за поддршка во вториот изборен круг на кандидатот ...

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати благодарност до граѓаните

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати…

Окт 20, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела ја доби довербата на мнозинството граѓани да ја ...

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на манифестацијата Надица Ивановска од „Идеа Консалтинг“ Струмица.

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на …

Окт 20, 2021 Вести

Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 29-ти пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот ...

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уме…

Окт 19, 2021 Вести

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрац...