Регионалниот Кризен штаб на состанок по најавата за врнежи од снег

Сабота, 07 Февруари 2015

Кризниот штаб од Струмичкиот регион со заменик министерот за економија Кристијан Делев

Доцна попладнево Кризниот штаб од Струмичкиот регион имаше работен состанок во Василево со заменик министерот за економија, Кристијан Делев.


На состанокот присуствуваа градоначалниците на општините Василево и Босилово, Ване Стојанов и Љупчо Колев, Васил Крстев од Кризниот штаб на општина Струмица, пратеникот Васил Пишев и претставници од Водостопанското претпријатие „Струмичко поле“.


На состанокот ја разгледаа стостојбата со речните корита и се дадени насоки за дополнителни интервенции, доколку е потребно во наредниот период по утрешните најави на УХРМ на обилни врнежи од снег.


„Загрижувачки е што нивото на двете акумулации се покачува, повеќе отколку што се испушта вода. Се испушта максимално 15 кубни метри вода, со тенденција во наредниот период тоа да се зголемува, но ќе видиме дали ќе дозволат условите во пониските делови од котлината. Ја следиме постојано ситуацијата“ - рече заменик министерот Кристијан Делев по состанокот со регионалниот Кризен штаб.


Градоначалникот на општина Василево информираше за активностите кои се превземени за заштита на населението и домаќинства во неговата општина и за моменталната состојба.


„На речното корито на река Струмица имавме доста оштетувања, а имаме и одредени места каде не можеме во моментот да делуваме, бидејќи локациите се непристапни, но еве денеска договоривме, во текот на утрешниот ден да се донесе и крупен материјал кој ќе го заштитува тој појас, односно заштита од прелевање. Се надевам дека и другите места кои беа критични ќе ги заштитиме, како и на река Турија, како реципиент на водите од испуштањето на брана Турија“ - рече градоначалникот Стојанов.


Градоначалникот на општина Босилово, Љупчо Колев информираше дека е договорено во наредните часови и денови да се интервенира на критичните места во неговата општина.


„Кај нас најпогодено е селото Моноспитово, овде се излеа вода во куќите и сега ни е најважно да ги заштитиме живеалиштата на луѓето. Има истакување на вода на дел од земјоделските површини. Со ова што денеска го договоривме, таму каде што има можност, каде дозволува теренот, ќе се интервенира на тие критични места, се со цел на минимум да ги сведеме ризиците од онаа што го очекуваме, односно по обилните снежни врнежи и топењето на тој снег во наредните неколку денови“ - рече градоначалникот Колев.

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Домот за стари лица „Отворено срце“ има потреба од медицински сестри и негувателки

Домот за стари лица „Отворено срце“ има потреба од медицинск…

Фев 24, 2021 Веб Билборд

Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...

Исчезнато е 15-годишно девојче од Градашорци, мајката се сомнева дека е кај момчето во Штип, бара помош од полицијата

Исчезнато е 15-годишно девојче од Градашорци, мајката се сом…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...

Дефект на главниот цевовод, без вода се жителите на Босилово, Радово, Робово, Еднокуќево, Секирник, Бориево и Турново

Дефект на главниот цевовод, без вода се жителите на Босилово…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...

Вчера во акциска контрола Струмичката полиција санкционирала 109 возачи за брзо возење

Вчера во акциска контрола Струмичката полиција санкционирала…

Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичката полиција информира дека во текот на вчерашниот ден, односно во периодот од 11:00 до 17:00 часот, на подрачјето што го покрива СВР Стумица ...

Планинарите тргнаа кон вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски

Планинарите тргнаа кон вечното почивалиште на претседателот …

Фев 21, 2021 Вести

Планинари на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица, придружени од планинари од Валандово, утрово од пред споменикот „Македонија“ во Градскиот па...

Евроамбасадорот Дејвид Гир ги посети манастирите во Водоча и Вељуса

Евроамбасадорот Дејвид Гир ги посети манастирите во Водоча и…

Фев 21, 2021 Вести

По завршувањето на церемонијата околу отворањето на „Европската куќа“ на Делегацијата на Европската Унија во Струмица, евроамбасадорот Дејвид Гир и пр...

Европската Унија денеска во Струмица отвори Европска куќа за младите

Европската Унија денеска во Струмица отвори Европска куќа за…

Фев 20, 2021 Вести

Делегацијата на Европската Унија во Македонија, денеска напладне во Струмица ја стави на користење на младите од струмичкиот регион третата Европска к...

Во Струмица се собираат потписи за поништување на Законот за Попис

Во Струмица се собираат потписи за поништување на Законот за…

Фев 20, 2021 Вести

Од денеска напладне на просторот кај маркетот „Тинекс“ во Струмица, Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ постави пункт за собирање на потписи од граѓанит...