Општина Василево со соопштение за најавениот штрајк на СОНК

Сабота, 17 Јануари 2015

Нема да има штрајк во училиштата во општина Василево и наставата ќе продолжи да се одвива според планираното

Нема да има штрајк во училиштата во општина Василево и наставата ќе продолжи да се одвива според планираното.


Денеска во кабинетот на градоначалникот на општина Василево, беше одржан состанок со група наставници – членови на синдикатот за образование, наука и култура при ООУ „Гоце Делчев“ Василево и подрачните училишта. Притоа, на состанокот, беше констатирано дека СОНК повикува на генерален штрајк врз основа на неаргументирани барања.


Имено, не дава детално и конкретно образложение за оправданоста и реалната остварливост на предлозите. Според програмата на Владата на Република Македонија, покачувањето на платите ќе се реализира етапно во претстојните години. Исто така, беше заклучено дека претседателот на СОНК тоа го прави од личен интерес заради претстојниот реизбор.


Поради тоа, наставниците сметаат дека наставата треба да продолжи нормално и според предвидените планови, на 20.01.2015 година.


Градоначалникот на општина Василево ги известува родителите на учениците и наставниците дека нема да има штрајк и наставата во второто полугодие ќе започне навремено.


Тој соопшти и дека, доколку одредени наставници – членови на СОНК, одлучат да штрајкуваат според нивните уставно загарантирани права, општината веќе има обезбедено нивна соодветна замена, со цел образовниот процес непречено да продолжи.


Сите услови за подолжување на наставата се исполнети и во централните и во подрачните училишта - стои во соопштението од Општина Василево.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се обврзаа дека ќе водат фер кампања

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се об…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Канидатите за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ, Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и Васе Витанов од ИНТЕГРА, денеска во салата...

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

Сеп 24, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:45 часот во Струмица после кружниот тек на булеварот „Ленинова“ со улицата „Цветан Димов“, пред Амфитеатаро...

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои опер…

Сеп 24, 2021 Веб Билборд

Компанијата „Vertex BPO“ Струмица ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар. Нашиот тим секојдневно расте! Придружете...

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со струмичкиот бренд „ЖИКОЛ“

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за…

Сеп 23, 2021 Вести

Директорот на струмичката компанија „ЖИКОЛ“, Никола Пандев и проф. д-р Марјан Бојаџиев, Провост на Универзитет Американ Колеџ Скопје, потпишаа Меморан...