„Амор Гарден“ победник на Новогодишно-Божиќниот турнир во Василево

Понеделник, 12 Јануари 2015

Екипата на „Амор Гарден“ од Струмица е победник на Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал „Василево 2014/2015“

Екипата на „Амор Гарден“ од Струмица е победник на Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал „Василево 2014/2015“, кој заврши синоќа, со победа над екипата „Зиго Шпед“ од Радовиш и резултат од 5:4 во финалниот натпревар.

Третото место во сениорска конкуренција го освои на екипата на „Владе Банско“, кои во малото финале беа подобри од „Агро Тим Пиперево“.

Најдобар играч на турнирот е прогласен Бојан Иванов од екипата на „Зиго Шпед“, титулата за најдобар стрелец ја освои Пепи Најдов (Владе Банско), а за најдобар голман во сениорска конкуренција Илчо Удовалиев (Амор Гарден). За „фер плеј“ екипа е прогласена „Чипа Лозана“.

Во кадетска конкуренција победник е екипата на „Тинејџер“ од Струмица, која во борбата за првото место беа подобри од „Кланица Шонтеви“ од Ангелци, а третото место им припадна на кадетскиот тим „Книжарница Сони“ од Радовиш.

Најдобар играч во оваа конкуренција е прогласен Наум Блажевски (Тинејџер), најдобар стрелец, Ѓорги Јовев (Тинејџер), а најдобар голман, Леон Фенов (Книжарница Сони).

За градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, покровител на овој турнир, кој по петти пат се организира, овој пат од страна на ФК „Василево“, со овој турнир и уште многу други кои се одржуваат во регионот, општина Василево прераснува во една спортска општина. „Со поддршката во спортот и понатаму продолжуваме, надевајќи се дека еден ден од овде ќе израснат спортски легенди кои ќе ја претставуваат општина Василево, па и Република Македонија“ - вели градоначалникот Стојанов.

Наградниот фонд на Новогодишно-Божиќниот турнир „Василево 2014/2015“ изнесуваше 200.000 денари.

ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се обврзаа дека ќе водат фер кампања

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се об…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Канидатите за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ, Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и Васе Витанов од ИНТЕГРА, денеска во салата...

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

Сеп 24, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:45 часот во Струмица после кружниот тек на булеварот „Ленинова“ со улицата „Цветан Димов“, пред Амфитеатаро...

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои опер…

Сеп 24, 2021 Веб Билборд

Компанијата „Vertex BPO“ Струмица ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар. Нашиот тим секојдневно расте! Придружете...

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со струмичкиот бренд „ЖИКОЛ“

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за…

Сеп 23, 2021 Вести

Директорот на струмичката компанија „ЖИКОЛ“, Никола Пандев и проф. д-р Марјан Бојаџиев, Провост на Универзитет Американ Колеџ Скопје, потпишаа Меморан...