Испечатете ја страната

Средба на проектните тимови на општините Василево и Струмјани

Четврток, 18 Јануари 2018

Проектните тимови на општините Василево, Македонија и Струмјани, Бугарија, одржаа работна средба за проектот „Инсталирање на обновливи енергетски извори и подобрување на енергетската ефикасност“, што заеднички го имплементираат во рамки на ИНТЕРРЕГ ИПА програмата за Прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија, 2014-2020.

Според информацијата од проектните тимови тема на состанокот биле активностите кои во мометот се одвиваат како и план за реализација на преостанатите активности со што целосно би бил имплементиран проектот од двете страни на границата, односно во општина Василево и во општина Струмјани.

Со овој проект, во општина Василево опфатено е училиштето во село Седларци на кое со низа активности, како што се замена на прозорците и вратите со нови, поставување на термичка фасада, фотоволтаични панели, централно топловодно греење на пелети и соларен систем за санитарна топла вода, подобрена е енергетската ефикасност.

Во општина Струмјани, во населеното место Микрево поставени се енергетски ефикасни светилки за улично осветлување.

Буџетот на овој проект изнесува околу 60.000 евра.

На состанокот на проектните тимови учествуваа и првите луѓе на двете партнерски општини, градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев и градоначалникот на општина Струмјани, Емил Илиев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „Напред Розово“

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „На…

Сеп 26, 2021 Вести

Здружението „Борка - за секој нов ден“ денеска во Струмица организираше настан „Race for the Cure“, во рамките на 13-то издание на хуманитарната маниф...

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните животни

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното пре…

Сеп 26, 2021 Вести

Од 1 декември новоформираното Јавното претпријатие „Астра Луна“ во Струмица ќе започне со секојдневни активности за грижа и заштита на бездомните живо...

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Сеп 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица денеска интервенирала во атарот на селото Ваељуса, каде гореше нискостеблеста шума. Интервенирале 13 пожарникари с...

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и се попишаа на Пописот 2021

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должн…

Сеп 26, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската долж...

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...