Испечатете ја страната

Највкусниот праз е во Градашорци – Јубилејна „Празијада“!

Недела, 05 Ноември 2017

Полно село со гости... Дворот на Црквата „Св. Никола“ во Градашорци беше мал да ги собере гостите од повеќе краишта. Министерот за земјоделството, Љупчо Николовски, постојниот претставник на ОН и претставник на УНДП во Македонија, Луиза Винтон, амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, градоначалници, пратеници, политичари, амбасадори, од соседството Бугарија, градоначалникот на Струмјани, од околината... од најмалото до најстарото.

Полна маса од јадења со праз. На толку многу јадење не верувам дека некој не пробал. Имаше и за по пат и за дома... Велат, најдобриот праз е од регионот околу Градашорци, ама и најдобрите домаќинки за приготвување специјалитети со праз се од овде.

И се си беше во духот на нашата традиција. А и одржување по десетти пат е традиција. Меѓу народот позната како „Празијада“, официјално „Ден на празот“, со презентација на голем број специјалитети подготвени со праз, а со единствена цел, промоција на празот како земјоделска култура и овој регион каде тој најмногу се одгледува.

Јубилејната „Празијада“ ја отвори градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, истакнувајќи дека со промовирањето на празот како земјоделска култура, ќе се привлечат сите оние инвеститори кои сакаат да инвестираат и што се занимаваат со откуп и преработка на оваа земјоделска култура.

„Наш приоритет ќе биде привлекување на инвеститори кои ќе отворат откупни центри во нашата општина, бидејќи празот со својот квалитет е препознатлив не само во државата, туку и надвор од неа. Наша интенција ќе биде оваа градинарска култура да биде застапена во текот на целата година и да се зголемат површините за да бидеме конкурентни на пазарите“ - истакна градоначалникот Јанев.

Жителите на Градашорци, кои се и најголемите производители на праз во Македонија, од промоцијата очекуваат да им донесе поголем број откупувачи, но и инвеститори кои овде ќе отворат производствени погони.

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градо…

Окт 21, 2021 Избори 2021

„Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот ...

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на средби со граѓаните за креирање на новиот Буџет

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 21, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов уште пред да стапи на функцијата градоначалник, заедно со новоизбраните советници...

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на „online“ нарачки

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на…

Окт 21, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од девојка со познавање англиски јазик на работна позиција примање на „online“ нарачки. Подетални информации и ...

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката гимназија „Јане Сандански“

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката…

Окт 21, 2021 Вести

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз денеска беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. По кратката средба со дире...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василево на средба со жителите на Добрашинци и Нова Маала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василев…

Окт 21, 2021 Избори 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со жители на Добрашинци и Нова Маала за поддршка во вториот изборен круг на кандидатот ...

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати благодарност до граѓаните

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати…

Окт 20, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела ја доби довербата на мнозинството граѓани да ја ...

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на манифестацијата Надица Ивановска од „Идеа Консалтинг“ Струмица.

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на …

Окт 20, 2021 Вести

Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 29-ти пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот ...

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уме…

Окт 19, 2021 Вести

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрац...