Испечатете ја страната

Крсте Панев од СДСМ е новиот претседател на Советот на општина Василево

Четврток, 02 Ноември 2017

Крсте Панев е новиот претседател на Советот на општина Василево. За него гласаа сите 15 советници, и од неговата СДСМ и од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ.

Панев на неодашнешните Локални избори беше носител на листата за членови на Советот од СДСМ и Коалицијата, која го доби мнозинството, а денеска на конситутивната седница ја доби поддршката да го води Советот и од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

„Ми претставува особена чест што токму јас ја имам можноста во наредниот четиригодишен период да го водам Советот на општина Василево. Се надевам дека соработката со сите општински установи, градоначалникот на општина Василево и другите локални чинитили ќе биде на завидно ниво што е и предуслов за дефинирање на квалитетни решенија во сите општествени области. Ги повикувам сите општествени чинители активно да се вклучат во решавањето на секојдневните проблеми на граѓаните, преку поднесување на предлози и идеи преку нас советниците, бидејќи ние сме тие избрани од граѓаните да ги претставуваме нивните интереси. Се надевам дека општина Василево ќе биде општина со која сите ние ќе се гордееме“ - изјави по завршувањето на првата конститутивна седница новиот претседател на Советот, Крсте Панев.

Пред изборот на Панев за претседател на општинскиот совет, му претходеше формирање на верификациона комисија, верификација на мандатите на членовите на општинскиот совет и давање свечена изјава.

На седницата присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, кој на новоизбраните советници, честитајќи им го изборот им посака  успешна и плодна работа.

„Како новоизбран градоначалник на општина Василево, очекувам одлична соработка со претседателот на Советот и сите нови советници. Како  поранешен член на Советот на општина Василево, подготвен сум да ги пренесам сите мои стекнати искуства на сегашните советници. Апелирам до советниците и од позицијата и од опозицијата заеднички да работиме за интересите на граѓаните на општина Василево, за да овозможиме брз прогрес на општината на сите можни полиња“  - изјави градоначалникот Јанев.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градо…

Окт 21, 2021 Избори 2021

„Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот ...

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на средби со граѓаните за креирање на новиот Буџет

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 21, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов уште пред да стапи на функцијата градоначалник, заедно со новоизбраните советници...

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на „online“ нарачки

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на…

Окт 21, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од девојка со познавање англиски јазик на работна позиција примање на „online“ нарачки. Подетални информации и ...

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката гимназија „Јане Сандански“

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката…

Окт 21, 2021 Вести

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз денеска беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. По кратката средба со дире...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василево на средба со жителите на Добрашинци и Нова Маала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василев…

Окт 21, 2021 Избори 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со жители на Добрашинци и Нова Маала за поддршка во вториот изборен круг на кандидатот ...

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати благодарност до граѓаните

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати…

Окт 20, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела ја доби довербата на мнозинството граѓани да ја ...

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на манифестацијата Надица Ивановска од „Идеа Консалтинг“ Струмица.

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на …

Окт 20, 2021 Вести

Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 29-ти пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот ...

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уме…

Окт 19, 2021 Вести

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрац...