Одбележан патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ во Василево

Четврток, 30 Април 2015

Учениците и вработените во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, во пресрет на 112-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

Учениците и вработените во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево, во пресрет на 112-годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, денеска го одбележаа патронатот на училиштето кое го носи името на овој македонски великан.


По тој повод во спортската сала во кругот на училиштето, учениците од различни генерации подготвија културно-уметничка програма, на која освен родители, наставници, присуствуваше и градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов.


„Ние неговите потомци, горди на неговото дело, на неговата револуционерна, но и духовна борба, на неговите заложби за цивилизациски напредок, единствен начин да му се оддолжиме, е да го продолжиме неговото дело, така како што тој ги поставил основите, како дијалог и натпревар на мисли и идеи кои водат кон напредок и подобро утре. Ова е единствениот исправен начин да се одржи чекор со времето, а притоа да не се загрозат цивилизациските придобивки на сопствената земја и на светот воопшто“ - рече во своето обраќање градоначалникот, Ване Стојанов.


Директорката на училиштето, Емилија Котева, поздравувајќи ги присутните, говореше за ликот и делото на Гоце.


„Овде сме да му оддадеме почит на еден од најголемите синови на Македонија, на визионерот, организатор и предводник на македонското национално движење. Да му оддадеме почит на херојот кој загина на 4-ти мај во далечната 1903 година. Да се поклониме пред споменикот на великанот Гоце Делчев, патронот на нашето училиште“ - рече меѓу другото Котева.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се обврзаа дека ќе водат фер кампања

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се об…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Канидатите за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ, Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и Васе Витанов од ИНТЕГРА, денеска во салата...

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

Сеп 24, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:45 часот во Струмица после кружниот тек на булеварот „Ленинова“ со улицата „Цветан Димов“, пред Амфитеатаро...

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои опер…

Сеп 24, 2021 Веб Билборд

Компанијата „Vertex BPO“ Струмица ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар. Нашиот тим секојдневно расте! Придружете...

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со струмичкиот бренд „ЖИКОЛ“

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за…

Сеп 23, 2021 Вести

Директорот на струмичката компанија „ЖИКОЛ“, Никола Пандев и проф. д-р Марјан Бојаџиев, Провост на Универзитет Американ Колеџ Скопје, потпишаа Меморан...