Испечатете ја страната

ВИЦЕШАМПИОНИ: Одбојкарите на „Сушево“ изненадување!

Петок, 01 Мај 2015

Двата пехари се наредени во клубот... Патеката на успесите, продолжува да се гради... Догодина и „Сушево“ - ШАМПИОНИ!

Одбојкарскиот клуб „Сушево“ го привлече вниманието на македонската одбојкарска јавност. Тоа е бидејќи клубот потекнува од едно мало село во општина Василево, а стигна до рамноправна борба со повеќекратниот шампион на Македонија, ОК „Струмица“.


ОК „Сушево“, за кој лани малку кој говореше, оваа сезона победнички го стартуваше својот поход кон освојување на титулите, оставајќи ги зад себе со години докажаните „Синалко“, „Лирија“, „Пробиштип“, а во финалните натпревари битката на теренот ја имаше со „комшиите“, шампионот ОК „Струмица“.


Сепак, големиот успех, вицешампиони и во Купот и во Плеј-офот, е гордост не само за сушевчани и за клубот, туку и за градоначалникот Ване Стојанов и општината Василево, кои оваа сезона застанаа зад младите одбојкари, под водство на искусниот тренер и предводник на тимот во играта, Хари Наковски.


Градоначалникот на општина Василево најавува уште поголема поддршка, не само финансиска, туку и организациски. Овој клуб, преку младинска школа ќе регрутира квалитетни спортисти, нови „борбени момци“, кои еден ден ќе го донесат и шампионскиот пехар во Василево.

 


„Општина Василево, како што е познато, секогаш застанува зад спортот, бидејќи тоа е наша определба, затоа што спортот носи здрави генерации желни за успех во секоја општина, во секоја држава. Денес сме општина која не само што инвестира во изградба на спортски објекти и терени, туку и сме општина каде што се организираат повеќе спортски манифестации, каде најуспешните ги докажуваат своите квалитети, а по што сме препознатливи и во целата држава“ - вели градоначалникот Стојанов.


„Најголемото одбојкарско село во Македонија“, како што знае да каже Стојанов, беше и организатор на годинашното финале од Купот на Македонија, каде четирите најдобри екипи во машка и женска конкуренција, во саботата се бореа за освојување на трофејот.


Својот голем успех одбојкарите на „Сушево“, кои го освоија второто место и во Купот и во Плеј-офот, го должат не само на својата добра игра и на поддршката од градоначалникот, туку и на гласните „ѕверови“, навивачката група на ОК „Сушево“, кои и дома и на гости беа најбучните спортски навивачи.


Двата пехари се наредени во клубот... Патеката на успесите, продолжува да се гради... Догодина и „Сушево“ - ШАМПИОНИ!

 

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градо…

Окт 21, 2021 Избори 2021

„Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот ...

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на средби со граѓаните за креирање на новиот Буџет

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 21, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов уште пред да стапи на функцијата градоначалник, заедно со новоизбраните советници...

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на „online“ нарачки

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на…

Окт 21, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од девојка со познавање англиски јазик на работна позиција примање на „online“ нарачки. Подетални информации и ...

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката гимназија „Јане Сандански“

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката…

Окт 21, 2021 Вести

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз денеска беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. По кратката средба со дире...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василево на средба со жителите на Добрашинци и Нова Маала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василев…

Окт 21, 2021 Избори 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со жители на Добрашинци и Нова Маала за поддршка во вториот изборен круг на кандидатот ...

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати благодарност до граѓаните

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати…

Окт 20, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела ја доби довербата на мнозинството граѓани да ја ...

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на манифестацијата Надица Ивановска од „Идеа Консалтинг“ Струмица.

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на …

Окт 20, 2021 Вести

Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 29-ти пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот ...

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уме…

Окт 19, 2021 Вести

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрац...