Испечатете ја страната

Македонската Инџија стана препознатлива кај сите бизнисмени!

Вторник, 21 Април 2015

Стојанов: „Македонската Инџија, како што го нарекуваат Василево, стана препознатлива кај сите бизнисмени“

Градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, денеска преку прес конференција говореше за активностите на општината, кои придонесуваат за подобрување на условите за живот на граѓаните, преку реализацијата на повеќе комунални и инфраструктурни проекти, привлекувањето нови инвестици и изградба на терени за спорт и рекреација, како што рече, скоро во сите населени места во општина Василево.


Деновиве со средства од општината и Владата, асфалтирани се улица во Дукатино во должина од 500 метри, а изграден е мост на Новамаалска река во Нова Маала.


Градоначалникот Стојанов говореше и за асфалтирани улици во Градашорци, Пиперево, Добрашинци, за нов асфалтен слој на патот Радичево - Дукатино, потенцирајќи дека нема неасфалтиран пат во општина Василево и сите села се поврзани со функционална патна мрежа.


„Во изминатиот период изградивме околу 21 километар фекална канализација, која треба да служи за домаќинствата во Ангелци, Градашорци и Василево и околу 2 километри атмосферска во Пиперево. Домаќинствата од Ангелци и Пиперево веќе ги чуствуваат благодетите на овој проект, а оваа лето правиме напори да се обезбедат средства и за поствувањ нов крак. Паралелно со канализационите системи интензивно работиме и на проширување и унапредување на системите за водоснабдување“ - рече Стојанов.


Тој најави изградба на ново училиште во Висока Маала, село со претежно турско население, а изградбата ќе ја помогне турската амбасада во Република Македонија преку „ТИКА“.


„Кога сме кај нашите деца, само да потсетиме дека како општина успеавме да ја ставиме во функција првата Детска градинка, каде околу 60 деца веќе се згрижени“ - додаде градоначалникот Стојанов.


Жителите од селото Седларци се рекреираат на новото повеќенаменско игралиште во центарот на селото, кое беше дел од предизборната програма на градоначалникот Стојанов, најавувајќи дека наскоро спортски терени ќе добијат и младите, односно жителите на Ангелци и Дукатино.


Стојанов на денешната прес конференција говореше и за нови јавни зелени површини, односно паркови во Василево и Градашорци. Во Василево на влезот во селото ќе се изгради парк со газебо од ковано железо и ротирачки панел, а во Градашорци парк налик на амфитеатар, опремени со клупи за одмор и рекреација. Проектите се изработени, средствата обезбедени, а оваа година се очекува нивна реализација.


За привлекувањето на домашни и странски инвестиции, Стојанов говореше за урбанизираните нови зони, промоцијата на потенцијалите и поволностите што ги нудат како општина, се во знакот на намалување на невработеноста.


„Македонската Инџија, како што го нарекуваат Василево, стана препознатлива кај сите бизнисмени. Тие овде подигнаа повеќе од 70 објекти кои функционираат, а околу 400 граѓани веќе работат. Наскоро се очекува во нашата општина да гради и грчка компанија од областа на рударството и градежништвото со околу 50 работни места и тоа кај Чанаклија, да почне да се гради сместувачки капацитет кај Владевци, да се подигаат нови капацитети во зоните кај Василево, Градашорци и на патот кон Добрашиници, а ние постојано ќе ја подобруваме инфраструктурата“ - заврши Стојанов.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градо…

Окт 21, 2021 Избори 2021

„Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот ...

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на средби со граѓаните за креирање на новиот Буџет

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 21, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов уште пред да стапи на функцијата градоначалник, заедно со новоизбраните советници...

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на „online“ нарачки

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на…

Окт 21, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од девојка со познавање англиски јазик на работна позиција примање на „online“ нарачки. Подетални информации и ...

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката гимназија „Јане Сандански“

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката…

Окт 21, 2021 Вести

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз денеска беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. По кратката средба со дире...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василево на средба со жителите на Добрашинци и Нова Маала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василев…

Окт 21, 2021 Избори 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со жители на Добрашинци и Нова Маала за поддршка во вториот изборен круг на кандидатот ...

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати благодарност до граѓаните

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати…

Окт 20, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела ја доби довербата на мнозинството граѓани да ја ...

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на манифестацијата Надица Ивановска од „Идеа Консалтинг“ Струмица.

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на …

Окт 20, 2021 Вести

Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 29-ти пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот ...

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уме…

Окт 19, 2021 Вести

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрац...