Испечатете ја страната

Василево домаќин на големото одбојкарско финале на КУП натпреварите!

Понеделник, 20 Април 2015

Наковски: „Ќе го донесеме првиот национален трофеј во нашата општина Василево“

Василево ќе биде домаќин на големото финале во одбојка, на четирите најдобри екипи во машка и женска конкуренција, кое ќе се одржи во сабота на 25-ти април, во рамките на КУП натпреварувањето.


За градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, оваа е голема чест да бидат домаќини на едно вакво големо национално натпреварување, кое треба да ги даде најдобрите одбојкарски екипи во Македонија.


„Тоа беше предизвик и за нас како локална самоуправа, да се вклучиме во организацијата и да помогнеме на Одбојкарскиот клуб „Сушево“, како домаќин организатор, беспрекорно да го реализира овој спортски настан, на кој ќе учествуваат четирите најдобри екипи во машка и женска конкуренција во КУП натпреварувањето“ - рече градоначалникот Стојанов на денешната прес конференција, на која заедно со Хари Наковски и Ванчо Наков, ги најавија натпреварите кои ќе се одиграт во спортската сала „Гоце Делчев“ во Василево, а веќе утре од 19 часот е и вториот финален дуел помеѓу ОК „Сушево“ и ОК „Струмица“ за шампионската титула на Македонија.


„Ако се суди по завчерашниот прв дуел, за освојување на шампионската титула, овие два тима секако дека во сабота, кога е закажано големото КУП финале, ќе покажат еден квалитетен и до крај неизвесен натпревар за сите љубители на одбојката во земјата“ - додаде Стојанов.


„Ќе го донесеме првиот национален трофеј во нашата општина Василево“ - оптимистички најави тренерот и предводник на одбојкарите на „Сушево“, Хари Наковски. „Досега покажавме дека имаме квалитет, имаме мудрост, имаме сила, да се бориме рамноправно со екипата на одбојкарскиот клуб „Струмица“ - додаде Наковски, изразувајќи голема благодарност до градоначалникот Стојанов за поддршката што им ја дава уште од стартот на оваа одбојкарска сезона.


Според Ванчо Наков од ОК „Сушево“, се е подготвено за претстојните финални натпревари во спортската сала во Василево, како со организациските, така и со техничките подготовки. Вели, „нека победи најдобриот“, но сепак очекува дека нековиот тим ОК „Сушево“ ќе го освои големиот пехар со славеничко шампањско.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градоначалник на општина Ново Село

Мицкоски со поддршка и за Ѓорѓе Божинов, кандидатот за градо…

Окт 21, 2021 Избори 2021

„Нашиот народ заслужува шанса и среќа. А, надежта покажана во првиот круг е токму патот кон промените и таа искра која ќе го осветли патот на успехот ...

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов на средби со граѓаните за креирање на новиот Буџет

Новоизбраниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов…

Окт 21, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов уште пред да стапи на функцијата градоначалник, заедно со новоизбраните советници...

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на „online“ нарачки

Бутик „ИМИЏ-М“ Струмица има потреба од девојка за примање на…

Окт 21, 2021 Веб Билборд

Бутик „ИМИЏ-М“ од Струмица има потреба од девојка со познавање англиски јазик на работна позиција примање на „online“ нарачки. Подетални информации и ...

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката гимназија „Јане Сандански“

Амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз во посета на струмичката…

Окт 21, 2021 Вести

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз денеска беше во посета на СОУ „Јане Сандански“ во Струмица. По кратката средба со дире...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василево на средба со жителите на Добрашинци и Нова Маала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во општина Василев…

Окт 21, 2021 Избори 2021

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска имаше средба со жители на Добрашинци и Нова Маала за поддршка во вториот изборен круг на кандидатот ...

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати благодарност до граѓаните

Новиот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев упати…

Окт 20, 2021 Вести

Новоизбраниот градоначалник на општина Босилово, Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ кој на изборите во недела ја доби довербата на мнозинството граѓани да ја ...

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на манифестацијата Надица Ивановска од „Идеа Консалтинг“ Струмица.

Градежниците го одбележаа празникот „Св. Тома“ – нов кум на …

Окт 20, 2021 Вести

Во Манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во Вељуса по 29-ти пат градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот ...

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уме…

Окт 19, 2021 Вести

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрац...