Пуштено во употреба повеќенаменско игралиште во Седларци

Среда, 08 Април 2015

Со сечење лента пуштено во употреба новоизграденото повеќенаменско спортско игралиште во селото Седларци

Со свеченото пуштање во употреба на новоизграденото повеќенаменско спортско игралиште во селото Седларци, од денеска оваа населено место се вброи во населените места на општина Василево, кои имаат новоизградени спортски терени.


Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, заедно со градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, претседателот на Советот на општината, Дејанчо Ефтимов и претседателот на Месната заедница на Седларци, Тони Лазаров, со сечење на црвената лента и официјално го пуштија во употреба новоизграденото игралиште.


„Преку реализација на проектите во областа на спортот се заокружува еден концепт на создавање на психофизички здрава младина која ќе биде оттргната од пороците на современото живеење. Наша трајна заложба е спортот да биде застапен секаде подеднакво“ - изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, потенцирајќи ја заложбата на градоначалникот Стојанов во областа на спортот.


„Морам да ја поздравам иницијативата на општината и на градоначалникот да инвестираат токму во ваква спортска инфраструктура и сакам да го покажам како позитивен пример, кој што би требало да го следат сите градоначалници во нашата земја и секако да овозможуваат спортување на сите граѓани“ - додаде Спасески.


„Изградбата на ова игралиште како и изградбата на вакви или слични игралишта и спортски терени низ речиси сите населени места ја покажува на дело заложбата на општина Василево преку вложување во спортската инфраструктура да влијае врз развојот на спортот. А она што е уште поважно, да влијае врз развојот на нашите млади поколенија“ - рече градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, нагласувајќи дека вложувањето во спортот има јасна цел: „Спортот да стане навика и потреба, да стане прв и главен избор за поминување на слободното време на граѓаните“.


Новоизграденото игралиште во Седларци е инвестиција на општината, за чија реализација се издвоени околу 2,5 милиони денари од општинскиот буџет.


Игралиштето е оградено, опремено со стативи и кошеви, со што се ссоздадени услови за играње фудбал, кошарка, ракомет, а рефлекторите овозможуваат спортување и во ноќните часови.


ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се обврзаа дека ќе водат фер кампања

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се об…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Канидатите за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ, Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и Васе Витанов од ИНТЕГРА, денеска во салата...

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

Сеп 24, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:45 часот во Струмица после кружниот тек на булеварот „Ленинова“ со улицата „Цветан Димов“, пред Амфитеатаро...

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои опер…

Сеп 24, 2021 Веб Билборд

Компанијата „Vertex BPO“ Струмица ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар. Нашиот тим секојдневно расте! Придружете...

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со струмичкиот бренд „ЖИКОЛ“

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за…

Сеп 23, 2021 Вести

Директорот на струмичката компанија „ЖИКОЛ“, Никола Пандев и проф. д-р Марјан Бојаџиев, Провост на Универзитет Американ Колеџ Скопје, потпишаа Меморан...