Турскиот амбасадор во посета на селото Висока Маала

Вторник, 07 Април 2015

Тие го посетија населеното место Висока Маала, каде поразговараа со жителите и директно од нив се информираа за нивните проблеми

Амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Омур Шолендил, денеска заедно со координаторот на „ТИКА“, Теоман Тирјаки и Аташето за верски работи при Амбасадата на Република Турција, Сејфетин Ерсој, имаа средба со градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов.


Тие го посетија населеното место Висока Маала, каде поразговараа со жителите и директно од нив се информираа за нивните проблеми и животот во оваа село, во кое живее исклучиво турско население.


Амбасадорот Шолендил изјави дека денешната посета на општина Василево и на селото Висока Маала е во рамките на посетата што ја имаат на повеќе општините од Источна Македонија, со цел да се сретнат со своите браќа во Македонија, потенцирајќи ги пријателските односи на двете држави, Македонија и Турција, кои сакаат да ги подигнат на повисоко ниво.


Координаторот на „ТИКА“, Теоман Тирјаки, ја нагласи традиционалната одлична соработка што ја имаат „ТИКА“ и Општина Василево, која набргу ќе резултира со изградбата на нова училишна зграда за учениците од оваа населено место.


Благодарност до амбасадорот за укажаната чест и до „ТИКА“, упати градоначалникот Ване Стојанов, кој вети дека по изградбата на новата училишна зграда, просториите во кои се одвива наставата ќе ги реконструира и оспособи за други намени, со што жителите од Висока Маала ќе можат содржински да го збогатат своето секојдневие.


Жителите на Висока Маала ги запознаа високите гости со своето секојдневие, потребите и отворените прашања, како што е прашањето на подобрување на водоснабдувањето, изградба на игралиште, асфалтирање на селските улици, при што побараа помош за нивно решавање.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се обврзаа дека ќе водат фер кампања

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се об…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Канидатите за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ, Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и Васе Витанов од ИНТЕГРА, денеска во салата...

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

Сеп 24, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:45 часот во Струмица после кружниот тек на булеварот „Ленинова“ со улицата „Цветан Димов“, пред Амфитеатаро...

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои опер…

Сеп 24, 2021 Веб Билборд

Компанијата „Vertex BPO“ Струмица ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар. Нашиот тим секојдневно расте! Придружете...

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со струмичкиот бренд „ЖИКОЛ“

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за…

Сеп 23, 2021 Вести

Директорот на струмичката компанија „ЖИКОЛ“, Никола Пандев и проф. д-р Марјан Бојаџиев, Провост на Универзитет Американ Колеџ Скопје, потпишаа Меморан...