Во Василево одбележан Светскиот ден на детското творештво

Четврток, 02 Април 2015

Учениците од Василево го одбележаа Светскиот ден на детската книжевност

Под мотото „Плати со детско творештво“, учениците од ООУ„Гоце Делчев“ од Василево го одбележаа Светскиот ден на детската книжевност.


„Денеска е 2 април, Светскиот ден на детската книжевност која со векови ги опседнува мислите на луѓето. За таа цел ние денеска ќе се обидеме да направиме нешто поинакво од вообичаеното“ - порачаа учениците од ООУ„Гоце Делчев“, на денешното одбележување на Светскиот ден на детската книжевност.


Дваесет ученици, пред своите другарчиња и наставници ги прочитаа своите лични творби и со јазикот на поезијата, секој на свој начин, ги пренесе своите приказни, своите фантазии, своите доживувања за она што го исполнува нивниот детски свет.


Петте изработени книги – тетратки со детско творештво, како спој на поезијата и ликовната уметност, беа креативниот производ од оваа активност, кој децата го подарија или разменија, на тој начин верификувајќи ја неговата вредност.


Градоначалникот на општина Василево, Ване Стојанов, ја имаше можноста да добие две од поетските тетратки, а за возврат им ја понуди својата поддршка во овој и во идните нивни проекти.


„Иницијативата на ученичката заедница и нејзиниот координатор, Марија Вучкова, наставник по англиски јазик, за одбележување на Светскиот ден на детската книжевност ја прифатив со задоволство. Во последно време се забележува дека учениците се повеќе се служат со литература од интернет. Тоа за мене беше дополнителен поттик да се афирмира детското книжевно творештво. Во рамките на одбележувањето на овој ден учениците од нашите училиште плаќаа со свои лични творби, а на општината, детската градинка, комуналното претпријатие, библиоктеката и амбулантата им беа подарени рачно изработени детски книги“ - рече Емилија Котева, директор на ООУ „Гоце Делчев“ Василево.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациен…

Окт 06, 2022 Вести

По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно о...

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...