Општина Василево ја зголеми цената на водата за компаниите

Среда, 25 Март 2015

Техничката вода од 6,5 денари по метар кубен се зголемува на 9 денари, а водата за пиење од 35 денари се зголемува на 45 денари по метар кубен

Советот на општина Василево од денеска утврди нов ценовник за правните лица за користење на водата за пиење, водата за наводнување, односно „техничка вода“, но и за „фрлањето“ ѓубре.


Техничката вода од 6,5 денари по метар кубен се зголемува на 9 денари, а водата за пиење од 35 денари се зголемува на 45 денари по метар кубен. Кај домаќинствата цената на водата за пиење останува иста, 30 денари по метар кубен.


Советници ја прифатија и одлуката на ЈП „Турија“ од Василево за зголемување на цената за користење на комунални услуги - фрлање смет за правните лица. За помалите компании, цената од 360 денари месечно се зголемува на 500 денари, а за поголемите компании од 1000 на 1500 денари.


Советот на општина Василево ја утврди цената за целодневен престој во Детската градинка „Прва радост“ во Василево, која официјално стартува од 1 април, а таа изнесува 1490 денари месечно, а донесе и одлука за проширување на оваа Детска градинка, односно отворање на Клон во населеното место Моноспитово, општина Босилово.


На денешната 25-та седница, советниците ги прифатија завршните сметки за 2014-та година на основните училишта во општина Василево, донесе одлука за утврдување на приоритет за реализација на изградба на улица во село Владиевци, како и утврдување на приоритет за реализација на Проектот „Изградба на колектор К1 со дел од припадни колектори во село Ангелци“.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациен…

Окт 06, 2022 Вести

По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно о...

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...