Општина Василево ќе гради паркови и Амфитеатар

Понеделник, 23 Март 2015

Парк на влезот во Василево и парк со Амфитеатар во Градашорци ќе гради општина Василево

Парк на влезот во Василево и парк со Амфитеатар во Градашорци ќе гради општина Василево, најави градоначалникот Ване Стојанов на денешната прес конференција.


Паркот на влезот во Василево ќе биде лоциран на празниот простор на самиот влез во селото од кај магистралниот пат, а паркот во село Градашорци е на просторот пред Домот на културата. И двата проекти се планирани со Програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2015 година.


Паркот во Василево ќе биде со површина од околу 1400 м², од кои дел ќе биде зелена површина испресечена со патеки од бекатон плочки, а од урбана опрема ќе бидат поставени по седум клупи и канти за отпадоци, газебо од ковано железо и ротирачко рекламно пано со ознаки на Општина Василево и Република Македонија. Во вечерните часови паркот ќе биде осветлен за што ќе бидат поставени 25 канделабри.


Површината на паркот во Градашорци изнесува околу 340 м². Содржински планирано е овде да биде изграден мини Амфитеатар со површина од околу 100 м², пристапни патеки од бекатон плочки, зелена површина оградена со ѕид од камен и жива ограда, збогатена со жбунови. Од урбана опрема планирани се 5 клупи и 2 корпи за отпадоци.


„Планираниот буџет за изградба на паркот на влезот во Василево е околу 1.430.000 денари, од кои 80% или 1.144.000 денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а 20% односно 286.000 денари се средства од Буџетот на општина Василево. Изградбата на паркот во Градашорци ќе чини околу 682.000 денари, од кои 303.000 денари се обезбедени од Бирото за регонален развој, а остатокот од околу 380.000 денари се средства од општинскиот Буџет“ - информираше градоначалникот Стојанов, додавајќи дека Општина Василево во континуитет и плански работи на подобрување на условите во населените места, на хуманизирање на животната средина и реализација на содржини кои му даваат квалитет на секојдневието на граѓаните на општина Василево.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се обврзаа дека ќе водат фер кампања

Кандидатите за градоначалник на Струмица се изгушкаа и се об…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Канидатите за градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов од СДСМ, Жан Дрвошанов од ВМРО-ДПМНЕ и Васе Витанов од ИНТЕГРА, денеска во салата...

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

„Цитроен“ удрил во жена која се движела со велосипед

Сеп 24, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:45 часот во Струмица после кружниот тек на булеварот „Ленинова“ со улицата „Цветан Димов“, пред Амфитеатаро...

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар

„Vertex BPO“ ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои опер…

Сеп 24, 2021 Веб Билборд

Компанијата „Vertex BPO“ Струмица ВРАБОТУВА искусни ДИСПЕЧЕРИ на камиони кои оперираат на американски пазар. Нашиот тим секојдневно расте! Придружете...

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за соработка со струмичкиот бренд „ЖИКОЛ“

Универзитетот Американ Колеџ во Скопје потпиша Меморандум за…

Сеп 23, 2021 Вести

Директорот на струмичката компанија „ЖИКОЛ“, Никола Пандев и проф. д-р Марјан Бојаџиев, Провост на Универзитет Американ Колеџ Скопје, потпишаа Меморан...